24.03.2021

Гостиварци мора да ги освојат бодовите под „Кале“, исто важи и за составот од Гевгелија

20. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар веќе нема право на грешка, и Кожув е во иста ситуација

Претходно испланираните активности на три наши екипи кои учествуваат во меѓународните натпреварувања, придонесоа денеска да се одиграат три натпревари од 20.коло од Првата лига-мажи.

Овој круг од натпреварите ќе го отворат екипите на Вардар и на Гостивар.

Исклучително важен за двете екипи, ако се земе в предвид дека Вардар (ефект 4-12), се бори за што поголем број на победи во пресрет на втората фаза, додека пак Гостивар (9-8) веќе и нема право на кикс ако сака да стигне до една од првите шест позиции кои водат во Суперлигата.

Гостиварските „сино-бели“ се во криза на игра, во криза на резултати, и ова е добра шанса да стават крај на серија на неуспеси со која си ги искомплицираа работите во и околу трката за едно од местата кои водат во доигрувањето за титулата.

Половина час подоцна (17.30 часот), исто така, доста интересен меч во кој доманиот Кожув (8-9) ќе се обиде да ја продолжи серијата која го донесе во ситуација да размислува за место во ТОП 6.

Но исти аспирации има и Еуро Никел 2005 (10-6), кој е во многу подобра ситуација во однос на гевгеличани, кои не смеат да си дозволат нов пораз на домашен терен кој практично ќе ги елиминира од суперлигашката трка.

Утре, од 18.часот, ќе се игра дуелот Пелистер-Црн Дрим Грин мобиле. Тука е јасно кој е фаворитот. Како и да е Пелистер (14-4) ќе бара каква-таква рехабилитација за лошото издание пред некоја вечер во Куманово.

Од друга страна Црн Дрим Грин мобиле (1-16) ќе игра за својата чест. А младите кошаркари на тренерот Петар Чочороски да пружат што посилен отпор против „зелено-белите“ кои по четврттиот пораз во сезоната (толку има и ТФТ), веќе не се така сигурни за најдобрата позиција пред официјалниот почеток на следниот круг од натпреварите.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 20.КОЛО

ДЕНЕСКА:

17.00: Вардар – Гостивар

Сала на КК „Вардар“- Скопје

https://youtu.be/EyrPVkuZspE1

17.30: Кожув – Еуро Никел 2005

Сала „26.април“- Гевгелија

https://youtu.be/xrQ9mXX1h6M

ЧЕТВРТОК: 

18.00: Пелистер – Црн Дрим Грин мобиле

Сала „Боро Чурлевски“- Битола

https://youtu.be/Y8JiazlTPyI

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ:

ТФТ – Академија ФМП

Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка

МЗТ Скопје Аеродром - Куманово