И беше за очекување, во дуелот на најдобрата и најслабата екипа во лигата, победата, и тоа повеќе од убелива да и припадне на многу подобрата.
ПЕЛИСТЕР – ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ 117:68
Изненадувачки делуваа оние (13:16) по шест и пол минути игра од првата четвртина во корист на гостите од Струга. Но домашната екипа брзо го промени тоа. До крајот на четвртината веќе водеа со (25:19). А откако го превземаа водството, битолчани само го зголемуваа од минута во минута. Не дозволија гостите од Струга да се доближат до достижна негатива.
Веќе, па стандардно, до полувремето испорачаа повеќе од 50. поени. Поточно 53, примија 36, доволно за доста порелаксирана игра во продолжението од мечот против најслабата екипа во првенството, според резултатите.
Малешевиќ даде 17 од нив, а Кесар уште 14. Тренерот Марјан Илиевски се реши да му даде одмор на репрезентативецот Бојан Трајковски, па неговото место во првите пет го доби Павле Михајлоски, кој остана без поентерски ефект во првиот дел.
„Пелистерци“ прескокнаа уште една пречка во одбрана на најдобрата стартна позиција пред втората фаза од шампионатот. Сега се на ефект 15.победи и 4.порази, а имаат да доиграат уште три натпревари од регуларниот дел.
Црн Дрим Грин Мобиле останува на една победа, сега и 17.порази во пресрет на последните четири меча од првата фаза. Извесно е дека стружани ќе се борат за опстанокот во друштвото на најдобрите.
ФОТО: Димитар Петковски