04.04.2022

Тетовци стигнаа до важна победа против Партизан Водно Санс и се израмнија со стружани на две кола до крајот на регуларниот дел

20. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Тетекс ТТК и Црн Дрим ја продолжуваат трката за опстанок

Уште неколку отворени прашања остѕнаа по одигрувањето на 20. коло од Втората лига-мажи.

Основното е дека екипата на Чаир 2030 одамна е број 1, и ќе има најдобра стартна позиција во пресрет на плеј-офот каде учество ќе земат првопласираните осум екипи по одигрувањето на 22. кола.

А на две кола пред крајот на регуларниот дел прашањето е која екипа, покрај битолска Хераклеа, во следната натпреварувачка сезона ќе игра во понизок ранг на натпреварување – Третата лига.

Во трка за опстанокот се и дефинитивно две екипи, Црн Дрим од Струга и Тетекс ТТК од Тетово.

Тетовци стигнаа до многу битен триумф на гостувањето во Скопје, каде беа подобри од Партизан Водно Санс (94:90) за скор (6-14), каков што има и екипата на Црн Дрим коаја во ова кола запиша висок пораз на гостувањето во Македонска Каменица каде Баскет КАМ делуваше убедиво (107:64).

Лидерот на табелата, Чаир 2030 помина лесно низ Струмица (107:66), во дуел кој можеби ќе биде и репризиран во доигрувањето, ако се земе в предвид дека струмичани се на делба на седмата/осма позиција заедно со Партизан Водно Санс (двете екипи се на ефект 8-12).

Неизвесно ќе биде и околу пласманот во горниот дел од табелата. За позицијата број 2 сега се во конкуренција четири екипи. Предност имаат штипски Соколи 1933 која во ова коло го победи ГКК Охрид (74:69) и скопски Вардар, кој својот меч од овој круг ќе го игра во среда попладне (од 15.часот), против отпишаната Хераклеа.

Киксови на овие две екипи за уште повисок пласман од актуелниот (трето и четвртто место), (ќе) чекаат екипите на Баскет КАМ и на Борец Баскет, кој ја продолжи победничката серија (седум по ред) со успех во мечот на домашен паркет во Велес, против Шкупи.   

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 20. КОЛО

Борец Баскет – Шкупи    78:65

Струмица – Чаир 2030    66:107

Партизан Водно Санс – Тетекс ТТК    90:94

Соколи 1933 – ГКК Охрид          74:69

Баскет КАМ – Црн Дрим 107:64

06.04: Вардар – Хераклеа

ТАБЕЛА: Чаир 2003 39, Соколи 1933 34, Баскет КАМ 33, Борец Баскет 33, Вардар 32 (-1), Шкупи 30, Струмица 28, Партизан Водно Санс 28, ГКК Охрид 27, Црн Дрим 26, Тетекс ТТК 26, Хераклеа 21 (-1);  

ИДНО КОЛО (09.04)

Чаир 2030 - Вардар

Тетекс ТТК – Соколи 1933

Хераклеа – Шкупи

Баскет КАМ – Борец Баскет

Црн Дрим – Партизан Водно Санс

ГКК Охрид - Струмица