27.03.2022

Дебитантот беше убедлив, слави со убедливи (91:76)

20.КОЛО – ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 ја чува суперлигашката теорија, и ја продлабочи кризата на кумановци

Феникс 2010 го победи Куманово 2009, на крајот и повеќе од убедливо. Доволно за дебитантот да остане со теоретските шанси да стигне во првата „шесторка“ во Првата лига, онаа која продолжува во Суперлигата. А на кумановци им оставија еден „куп на грижи“ пред „влезот“ во плеј-аутот во кој ќе се борат за опстанокот. 

ФЕНИКС 2010 – КУМАНОВО 2009      91:76

Одлично, ефикасно, пред се, прво полувреме одиграа младите коаркари на Феникс 2010. Со секоја одмината минута го кршеа отпорот н кумановци. Уште во првата четвртина стигнаа избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ до двојно водство од (24:13). Но тука не застанаа, во исто темпо продолжија домашните кошаркари, и тоа им донесе уште повисока предност. До крајот на полувремето веќе беа во позитива од 20.поени (53:33). А ударното трио веќе беше на десет или повеќе поени. Најмногу 16, даде Морган, 14 дојдоа од Трајковски, а Вилијамс имаше уште 11.

На другата страна, со десет реализации парираше Марјановиќ, премалку за амбиците на составот од Куманово, кој евидентно, ќе треба да се подготвува и да влезе во битка за опстанок во друштвото на најдобрите заедно со екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Ангели.

Не се сменија работите на теренот и по големиот одмор. Морган продолжи да ја тероризира противничката одбрана, а Феникс 2010 имаше уште поголема предност. По 25.минути домашната екипа водеше со највисоки и недостижни за противникот, (63:37).

За Феникс 2010 ова е 11 победа во 20. одиграни натпревари, за да ја оддржи теријата дека некако може да стигнат до позицијата број шест, последна која води во Суперлигата.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 20. КОЛО

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Уни Банка   91:82

Кожув – Работнички        56:50

Навико Академија ФМП – Гостивар  82:70

Феникс 2010 – Куманово 2009             91:76

30.МАРТ (СРЕДА):

18.30: Пелистер – Ангели

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/s0CqREUoVJ4

31. МАРТ (ЧЕТВРТОК):

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ (МРТ)

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/kSTp-0UUW6Y