27.03.2022

На свој терен, во Кисела Вода беа подобри од директниот конкурент за таа позиција, Гостивар, со сигурни (82:70)

20.КОЛО – ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Навико Академија ФМП го одбрани третото место

На две кола пред крајот на регуларниот дел, кошаркарите на Навико Академија ФМП се стекнаа со две победи повеќе во однос на екипата на Гостивар во трката за третата позиција на табелата.

До тој ефект „лавовите“ од Кисела Вода дојдоа во директната пресметка со конкурентот за таа позиција во друштвото на најдобрите пред продолжението на сезоната кое се нарекува Суперлига...

НАВИКО АКАДЕМИЈА – ГОСТИВАР     82:70

Домашните кошаркари имаа постојана играчка и резултатска контрола во дуелот кој влијаеше на изгледот на табелата, особено за позицијата број 3 која носи предност не само во Суперлигата, туку и во доигрувањето за титулата.

Од самиот почеток екипата од Кисела Вода се стекна со водство, кое на истекот на првиот период изнесувше седум поени (24:17). Но на почетокот на втората четвртина домашните кошаркари дојдоа и двоцифрена разлика. Одлично играа во нападот кошаркарите на Навико Академија ФМП.

И до полувремето дојдоа до уште повисоки (43:29).  

Период од играта во кој на домашната страна се издвоија Тодоровски и Крстајиќ, додека кај гостите далеку најефикасен беше Силаџи.

Во третиот дел од играта, гостите од Гостивар намалија на -10 (41:51), како што стоеше на семафорот во салата „Независна Македонија“ во 27 минута.

Но во последните три минути домашните кошаркари таа разлика ја удвоија. Поведоа со 20.поени (63.43). Разлика која беше недостижна за гостиварци, по што стана јасно дека Навико Академија ФМП останува на бројот 3 во пресрет на поскедните два круга од првенствената битка. 

*Кожув и Работнички играа за што подобра стартна позиција пред продолжението на натпреварите во кои извесно, е ќе продолжат во Плеј-аут лигата. Во релативно израмнет натпревар, на крајот победата замина за Скопје, му припадна на Работнички кој го искористи големиот подарок кој им го дадоа домаќините..

КОЖУВ – РАБОТНИЧКИ  82:90

Гостите го добија првиот период од играта во салата „26.април“ која почна со задоцнување поради еден неисправен уред за мерење на 24. секунди. Имаше Работнички позитива од три поени (17:14).

Но работите почнаа да се менувата во продолжението од мечот. Малку поефикасна изгледаше играта на Кожув во втората четвртина во која стигнаа и до резултатски пресврт. Поведоа гевгеличани со (31:29), Главчев, со 11 реализации беше единствениот кој имаше двоцифрен поентерски ефект на двете страни од теренот.

Првото полувреме заврши со  идентични (34:32), а Главчев го поправи својот кошгетерски ефект на 14.поени. На другата страна, по осум реализации имаа Какруки и Едвин.

Израмнето се играше и по паузата од 15. минути, ниту еден од двата ривали не направи поголема разлика, макар што домаќините имаа постојано водство. Но не повисоко од шест поени (54:48) како што беше во 29.минута од играта, во корист на екипата од Гевгелија. До крајот на четвртината, Кожув оствари уште повисоки (58:50).

Работнички стигна до „половина кош“ негатива (65:66) во средишнито дел од тој последен дел од играта. По поените на Едвин, гостите од Скопје преминаа и во водство, (69:66) како што беше на 2:45 минути пред крајот. Но со иста мерка, дури и подобро, врати Унрух, со шест поени во серија за да го врати водството на Кожув (72:69).

По нереализираните обиди за три поени на Марковкси и Балмзовиќ, Унрух погоди уште еднаш, за наизглед недостижни (74:69), кога останаа да се доиграат 17.секунди.

Но, Едвин погоди уште една тројка, за (72:74), а по половичниот ефект на Главчев, од линијата за слободни фрлања, Марковски даде уште една тројка за Работнички да стигне до нерешен резултат (75:75) на четири секунди пред крајот. Главчев не погоди за победа, па во Гевгелија се играа дополнителни пет минути...

Во продолжението, гостите тргнаа со шест поени во серија, за (81:75). Тука беше и крајот на надежите на домашната екипа. „Црвено-белите“ ја продолжија серијата на (11-2) за недостижни (86:77).

По 20. одиграни кола од регуларниот дел, сега Работнички има ефект (9-11), додека пак Кожув остана на седум победи и 13. порази

И се далеку напред во однос на двата главни конкуренти да го напуштат друштвто на најдобрите, екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и на Ангели (двете имаат 2-18).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 20. КОЛО

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Уни Банка   91:82

Кожув – Работнички        82:90

Навико Академија ФМП – Гостивар  82:70

Феникс 2010 – Куманово 2009            во тек

30.МАРТ (СРЕДА):

18.30: Пелистер – Ангели

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/s0CqREUoVJ4

31. МАРТ (ЧЕТВРТОК):

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ (МРТ)

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/kSTp-0UUW6Y