11.02.2020

20.КОЛО ОД ФРАНЦУСКАТА ПРО Б ЛИГА: Евре повторно поразен

Вечерва се одиграа натпреварите од 20.коло во француската ПРО Б лига. Евре на Стојан Ѓуроски беше домаќин на Сен Шамон, и загуби убедливо, со (77:93).

Во првото полувреме нашиот репрезентативец одигра нецели десет минути. Притоа имаше само еден неуспешен шут за три поени. А како дел од стартната петорка придонесе со три асистенции.

По 20.минути, Евре губеше со десет поени разлика (37:47).

Домашната екипа продолжи со лошата игра и во второто полувреме. Губеа „жолто-сините“ и со 18.поени (59:41), а нашиот репрезентативец беше на клупата, заедно сo уште тројца стартери. Од кои причини, знае само тренерот на Евре.

Слично беше и на истекот на третата четвртина, (52:69) во корист на гостинската екипа.

Ништо не се промени до крајот на овој меч кој играчите и стручниот тим на Евре ќе сакаат што побрзо да го заборават.

Истото важи и за Ѓуроски кој финишираше со скромен ефект од два поени (0/6 од поле и 2/2 од линијата за слободни фрлања), четири асистенции и три скокови за 24. минути во игра.

По 20.одиграни кола, Евре има ефект (7-13), и се наоѓа на 14.место на табелата, пред Сен Квентин и Поитиер.