Гевгеличани имаа шанса да го добијат мечот во регуларниот дел. Но Скот не погоди, па мораше да се игра екстра период од пет минути.
А во него гостите од Кавадарци делуваа како доста поискусна екипа во однос на Кожув, затоа и победија.
КОЖУВ – ЕУРО НИКЕЛ 2005 76:81 (66-66)
По нерешените (20:20) во првата четвртина, гевгеличани први стигнаа до некоја солидна предност. На почетокот на вториот период од играта, за две и пол минути „побегнаа“ на плус од осум поени (30:22).
До крајот на првиот дел од играта Кожув имаше уште повисоки (44:34). Период од играта во кој во домашната екипа доста ефикасни беа Силаџи и Скот (реализираа по 14.поени). На другата страна, кавадаречката, највисокиот играч, Роберт Рикиќ, имаше и најмногу поени – 13.
Одморот, се чини, подобро им легна на гостите од Кавадарци, кои се вратија во ритам во третата четвртина. Во десет минути го надополнија водството на Кожув, па двете екипи тргнаа израмнети во последната.
Со нерешени (66:66) се влезе и во тие 60.секунди од мечот во Гевгелија. И не донесоа решение. Скот го имаше шутот за победа, но не го погоди, па мораше да се играат дополнителни пет минути.
Во нив, гостите делуваа доста помирно, посталожено. Беа и поефикасни. Играа трпеливо и реализираа во псоледните секунди од нападите. Погодуваа сите, тоа им даде резултат. Во три и пол минути дојдоа до солидни (78:72). Кожув имаше 90. секунди да се врати во игра. Во наредните два напади Скот ги донесе домаќините на минус од два поени (76:78). Но искусниот Соколов го пронајде победничкото решение за Еуро Никел 2005.
По 17. одиграни мечеви сега составот од Кавадарци има ефект (11-6) и скоро осигурено место во првата „шесторка“.
Со овој пораз, Кожув се одалечи уште еден чекор кон тие амбиции. Екипата од Гевгелија е на учинок од осум победи и десет порази.