20.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар користеше „пенал-завршница“ и ги задржа шансите за место во Суперлигата - КФСМ
24.03.2021

Во натпревар со доста пресврти во резултатот, одлучи последната минута, Гостивар за поен подобар од Вардар (106:105)

20.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар користеше „пенал-завршница“ и ги задржа шансите за место во Суперлигата

Неверојатен меч одиграа вечерва екипите на Вардар и Гостивар. Двете екипи, секоја на свој напин, посакуваше два бода. На крајот, им припаднаа на гостите од Гостивар, кои делуваа малку поискусно од противникот во минутата на одлука.

Онаа последната која и реши, победник да биде Гостивар

ВАРДАР – ГОСТИВАР       105:106

Гостиварци беа подобри во првата четвртина во која и остварија предност од (29:25). По тројката на Димчевски, гостите имаа и повисоки (34:27), но Вардар подобро го отвори вториот период од играта, во кој успеа да ја стигне таа и не баш превисока разлика (33:34).

Гостивар уште еднаш се одвои, по петте поени кои дојдоа од Тодоровиќ и Тасовски, сега на (39:33).

Но од таа 14.минута па во наредните четири, на теренот како да постоеше само една екипа – Вардар. „Црвено-црните“ влегоа во серија од (16-4) преку која изградија водство од (49:42), кое до крајот на полувремето „трилингот“ Радош-Провел-Дикембе (комбинирано 38.поени) го донесе на (54:50).

На другата страна пак триото Димчевски-Тодоровиќ-Вокер реализираше 39.поени (сите по 13).

На Гостивар му беа потребни нецели осум минути да стигне до егал резултат (70:70). Но домашната екипа имаше „половина поен“ вишок на влезот во четвртината на одлука (77:76).

По тројката на Димчевски, на 1:34 минута пред крајот, Гостивар одново водеше (97:96). И малку кој очекуваше дека во тие 96 секунди ќе „паднат“ дури 18.поени, односно по девет на двете страни.

Александар Костоски беше присебен ги погоди завршните четири слободни фрлања, го донесе Гостивар на недостижни (106:102), кои ги „намали“ Дикембе.

Блескаво второто полувреме одиграа Тодоровиќ, Димчевски и Костоски (двајцата по шест тројки). Искомбинираа дури 74.поени, кои со оние 13. на Вокер од првото полувреме аа како доволни за толку посакуваниот прекин на лошата низа исполнета со неколку порази.

Вардар се покажа како тврд орев за противниците од горниот дел на табелата. Имаше една петорка која дојде до двоцифрен поентерски учинок. Најмногу, 27.поени фрли Провел, Дикембе имаше уште 22.

Па така, по 18.одиграни мечеви, Гостивар е на ефект (10-8), додека Вардар останува на 4.победи во 17.одиграни натпревари.