По триумфот над Реал во Мадрид во минатото коло од АЦБ лигата, Ненад Димитријевиќ и Хувентуд доживеаја вистински шок...
„Зелено-црните“ претрпеа сосема неочекуван пораз од едн од најслабите екипи во АЦБ лигата, Фуенлабрада (79:81).
Хувентуд беше во негатива речиси цел натпревар, но успеа да се врати во последната четвртина. А на 38. секунди пред крајот, македонскиот репрезентативец реализираше од линијата за слободни фрлања за егал-скор (79:79),
Но не успеаја да го одбранат последниот напад на Фуенлабрада, па мораа да се помират со пораз.
За 24.минути во игра, Димитријевиќ дојде до ефект од осум поени (0/3 за три, 2/3 за два и 4/4 за еден поен), имаше и одлични седум асистенции и еден скок.
По овој пораз, Хувентуд остана на 12 место на табелата. Има ефект од 9 победи и 12 порази.
* Реал Бетис на Шејн Витингтон, доживеа вистински дебакл нво Мадрид. Реал ги прегази „берберите“ со повеќе од убедливи (93:69).
Се беше јасно во првиот период од играта во кој „кралевите“ дојдоа до високи (27:12).
Витингтон одигра 16:13 минути. И реализираше исто така, осум поени, со максимален ефект во шутот од поле (2/2 за три и 1/1 за два поени). Високото крило имаше и еден скок.
По 21.коло, Реал Бетис има ефект (6-15), со кој ја дели позицијата број 15.