Од почетен минус 14, до краен плус од 15. поени, и уште еден триумф, десетти во сезоната стигнаа кошаркарите на Куманово 2009 во дуелот со Кожув. И уште еднаш, „сино-белите“ покажаа дека се екипа која треба да игра во оној завршен дел во кој ќе се брка плеј-оф, па дури и борба за титулата.
КУМАНОВО 2009 – КОЖУВ 88:73
Одлично издание имаа гевгеличани во првиот дел од игратаа. Уште од самиот почеток како да беа подготвени да изненадат на нималку лесното гостување во Куманово.
Играа одлично во нападот кошаркарите на Кожув. За десет минути реализираа 33, примија 22, поени и се стекнаа со двоцифрено водство. Во исто темпо продолжија и во втората четвртина. Одлично функицонираше тандемот Силаџи-Скот, кои уште во раната фаза од играта искомбинираа 25.од вкупно 37. поени за гостинската екипа која поведе и со (37:24).
И покрај лошиот шут од далечина (само 1/7 за три поени), кумановци полека се враќаа во игра. Токму по првата тимска тројка, на Ѓекиќ, се доближија на -6 (33:39). Но одличниот Силаџи со четири реализации го одби тој налет на „сино-белите“. По 19 минути игра, Кожув одново имаше двоцифрен плис (46:35). А по поените на Скот, уште повисоки (49:35).
Црниќ се погрижи да ја поправи малку тимската статистика со тројката пред звукот на сирената кој означи полувреме во Куманово (38:49) во корист на Кожув. Само втора за домаќините од десет обиди.
Се беше многу поинаку на почетокот на второто полувреме кој Куманово 2009 го отвори со 12.поени по ред, и доволно за да го превземе водството (50:49). Гевгеличани не постигнаа кош цели пет минути, пред да поентира Станојевиќ, за прв пат во третата четвртина.
А по подолга „пауза“, на теренот се „појави“ и Ливингстон, што значеше нови, дополнителни проблеми за одбраната на Кожув.
И тоа како видливи во второто полувреме во кое „црвено-белите“ едноставно застанаа. Реализираа само 24.поени за две четвртини. А така не се игра против екипа како Куманово која даде дури 50 во вториот дел од мечот, за повеќе од убедлива победа.
За нив десетта во 15.одиграни средби од Првата лига, која ги усмерува кон доигрувањето за титулата.
Со овој пораз пак доживеан без помошта од искусниот Димитар Караџовски, Кожув ги загуби и теоретските шанси. Ефектот од (8-11) е „пресиромашен“ да се надеваат на Суперлига во преостанатите три меча од првиот дел.