Академија ФМП и МЗТ Скопје Уни Банка одиграа динамичен, и до крај возбудлив и неизвесен натпревар кој беше решен во последните две минути од играта.
И уште еднаш, како победници излегоа младите кошаркари од Аеродром.
АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 82:84
Иако без помошта од својот најдобар стрелец, Стефан Крстајиќ, домашните кошаркари делуваа доста ефикасно од самиот почеток на средбата. Набрзина остварија сигурно водство (17:8), кое до истекот на првиот период го затворија со (22:14).
Дел од играта во кој Атанасов веќе имаше девет реализации за Академија ФМП. По две минути игра во втората четвртина, и серија (8-2), ФМП дојде до уште поубедлива предност (28:16).
Но младиот состав од Аеродром немаше намера така лесно да се предаде, напротив... Како одминуваа минутите, така избраниците на тренерот Борче Даскаловски играа се подобро и подобро Тоа беше видливо и на семафорот, кој во 19.минута покажа водство за МЗТ Скопје Уни Банка од (35:33).
Пред Величковски и Стојановски да разменат по една тројка на двете страни, и резултатот да дојде во егал (38:38), а Наумоски донесе минимална предност за гостите (40:38).
Третиот дел од играта Академија ФМП го отвори со (10-4) за враќање на водството (48:44). Слично беше и на истекот на четвртината, (59:55) во корист на домашната екипа, која играше доста ослабена (освен Крстајиќ, недостасуваше и Главчев).
Во оној последниот, во неколку наврати ФМП имаше позитива и од осум поени, последен пат на 4:24 минутиу пред крајот (72:64). Ама упорните гости не се откажуваа од изненадување во Кисела Вода. Со серијата од (8-2) во две минути дојдоа на -2 (72:74).
Тројката на Монтгомери донесе нерешени (79:79) пред влезот во последната минута, која потраја малку повеќе... Во самата завршница, многу битни три поени даде М. Митевски за гостинско водство од (83:80) кое со едно слободно фрлање го покачи Монтгомери (84:80).
Но во последните 17.секунди вистинска драма.
Откако Херис положи брзо за (82:84), токму М:Митевски можеше да биде трагичар. Не ги погоди двете слободни фрлања, и им даде моност на домашните кошаркари да израмнат, дури и да победат. За негова и среќа на гостите, не погодија ниту Петровски ниту Стојановски, па уште една победа за МЗТ Скопје Уни Банка.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 21. КОЛО
Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка 82:84
Еуро Никел 2005 – Вардар 96:79
Куманово 2009 – Кожув 88:73
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ:
Гостивар - ТФТ
Пелистер - Работнички
Црн Дрим Грин мобиле – МЗТ Скопје Аеродром