03.04.2022

Бранителот на титулата слави победа (87:74) за потврда на позицијата број 2 пред последното коло од регуларниот дел од сезоната

21. КОЛО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 не го совлада првакот, и дефинитивно испадна од трката за Суперлигата

Шампионот го скрши отпорот на дебитантот во последниот период кој го доби со убедливи (23:14)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010    87:74

Феникс 2010 беше подобар противник во првиот период од играта, и поради тоа екипата на МЗТ Скопје Аеродром требаше да биде и задоволна која по десет минути од играта беше во негатива од „само“ четири поени, (25:21).

Само од причина што гостите имаа и уште повисоки (25:16) во уводната четвртина.

До првото водство шампионот дојде дури по 17. минути, кога капитенот Дамјан Стојановски погоди тројка за (41:40). Но поените на младиот Петков, му донесоа минималец на Феникс 2010 на полувремето од (46:45).   

Но во она второто МЗТ Скопје Аеродром потврди дека има квалитет, и пред се подолг играчки ростер во однос на дебитантот. Во третиот период „сино-белите“ го преземаа водството, а во четвртиот го скршија отпорот на Феникс 2010 кој по овој пораз и дефинитивно нема да биде дел од Суперлигата. Уште повеќе, со скор (11-1) ќе влезе во онаа другата Плеј-аут лига, со скоро обезбедено место во елитата и во следната натпреварувачка сезона.

Војдан Стојановски со 22 реализации беше прво реализатор во победничката екипа во која уште Дејвис даде 19, а Дамјан Стојановски додаде 15. Од друга страна, кај Феникс 2010, триото Морган-Вилијмас-Трајковски искомбинира 55 од крајните 74 поени.

 

*Еуро Никел 2005 го совлада Работнички на гостински терен, во СРЦ „Кале“, па на коло пред крајот на првиот дел од шампионатот, кавадарчани може да заврши и како четвртопалсирани.

РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005     68:87

На домашната екипа и припаднаа почетните минути. Домаќините го имаа поенерски расположениот Балмазовиќ кој реализираше 11, од почетните 17. поени, за водство од (17:10) на Работнички по шест минити од играта во СРЦ „Кале“.  

Но во другите четири, Еуро Никел 2005 направија серија од (11-2) доволно за да направи пресврт, и на истекот на првата четвртина да обезбеди солидно водство од (23:19).

Работнички „врати“ во втората четвртина, која ја добија со слични (23:20) за неизвесни (42:43).

Но се друго, во вторите 20.минути беше на страната на Еуро Никел 2005. Особено тоа се однесува за последната четвртина која кавадарчани ја добија со повеќе од убедливи (26-10) за потврда на триумфот со кој ги тргнаа дилемите дека и оваа сезона ќе бидат дел од првата „шесторка“ која ќе се бори за четири места во плеј-офот.

Ѓекиќ реализираше 18.поени за екипата од Кавадарци, Дубински имаше 16. Соколов 12, а Томиќ уште 10.поени.

Кај Работнички, екипа која сега е на ефект (9-12), Едвин реализираше 18, а Балмазовиќ 16.поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 21. КОЛО

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР  64:81

АНГЕЛИ – КОЖУВ 72:76

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – КУМАНОВО 2009         56:65

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010    87:74

РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005     68:87

6. АПРИЛ (СРЕДА):

20.00: ТФТ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/Sgy1eVuwIag