01.04.2022

Им недостасува една победа за потврда на местото кое води во втората фаза од шампионатот

21. КОЛО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостиварци пред суперлигашки предизвик, да се биде подобар од Пелистер

Претпоследното коло од регуларниот дел од натпреварите во Првата лига-мажи, може да ги тргне оние последни дилеми. Поврзани со тоа кои шест екипи ќе бидат дел од Суперлигата, а кои шест ќе го продолжат натпреварувањето во сегментот наречен „Плеј-аут“ лига.

На две кола пред крјаот, три екипи се сигурни суперлигаши, Навико Академија ФМП (14-6), МЗТ Скопје Аеродром (17-3), и лидерот, екипата на Пелистер со ефект (18-2).

Токму битолчани ќе бидат пред сериозно искушение во сабота навечер, кога од 18.часот, во салата „Младост“ треба да ги одмерат силите со екипата на Гостивар.

Гостиварци пак се една од четирите екипи кои во овие две кола треба да го поврдат статусот на суперлигаши. Па оттука се очекува вистински дерби дуел во кој победата значи многу. За домаќинот сигурен пласман во првата „шесторка“, за гостите пак потврда на позицијата број 1.

Ништо полесна задача нема да имаат ниту другите две екипи кои се во конкуренција за првите шест позиции, поточно оние од 4-6. место.

Новакот во лигата, Феникс 2010 ќе бара уште еден сензационален резултат во СЦ „Јане Сандански“ против МЗТ Скпје Аеродром додека пак се подобриот Еуро Никел 2005 оди на другата страна од Скопје, во СРЦ „Кале“, каде во недела, од 19.30 часот за противник ги чека Работнички.

Поради обврските кои утре вечер ги имаат во БИБЛ лигата (гостување во Израел), кошаркарите на ТФТ својот меч од 21. Коло против Навико Академија ФМП ќе го одиграат на 6. април (среда), со почеток од 20.часот, исто така во СРЦ „Кале“.

Во битка за што подобра позиција пред почетокот на Лигата за опстанок, во сабота, од (16.15 часот), Ангели го дочекуваат гевгелиски Кожув.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 21. КОЛО

2. АПРИЛ (САБОТА):

18.00: ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР

Сала „Младост“ – Гостивар

https://youtu.be/j-zW8-jVODw

3. АПРИЛ (НЕДЕЛА):

16.15: АНГЕЛИ – КОЖУВ

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/9umnHgX0DZI

17.00: МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – КУМАНОВО 2009

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/NQXJ3hb5hBQ

19.00: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/gLiLrkuWX8E

19.30: РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/sj397v9qkVM

6. АПРИЛ (СРЕДА):

20.00: ТФТ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/Sgy1eVuwIag