03.04.2022

Тимот од Гевгелија стигна до многу важна победа во Кисела Вода (76:72) пред почетокот на плеј-аут лигата

21. КОЛО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кожув е многу поблиску до опстанокот од Ангели

Тренерската смена не промени многу работи во екипата на Кожув, но екипата од Гевгелија стигна до планираната цел – победа против директниот ривал во битката за опстанок – МЗТ Скопје Уни Банка

АНГЕЛИ – КОЖУВ 72:76

Гевгеличани беа во постојано водство во текот на средбата во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода. Но пред крајот на натпреварот му дозволија на противникот да се приближи и да дојде до евентуален пресврт

На 2:25 минути пред крајот, Ангели се доближија на само четири поени негатива (70:74), во тој период од играта во последната четвртина поведоа со (17:11) и го натераа тренерот на противничката екипа Илија Ефтимов, кој во меѓувреме го замени Перо Блажевски на првата тренерска позиција, на тајм-аут.

Но во вистинско време погоди Оконкво, за да ја спречи серијата на Ангели, да повиси на (76:70) во пресрет на последните две минути во кои Крстевски намали на (72:76), но Раме не погоди за три поени да го однесе мечот во драматичен завршеток.

До осмата победа во првата фаза со која сега се на шест чекори пред конкуренцијата за опстанок, ги водеа Унрух со 20.поени, Оконкво имаше 18, а искусниот Штерјов уште 13. реализации.

Кај Ангели се одвои двоецот Крстевски (25.поени)-Раме (21), а двоцифрен број на поени имаше и Милков, 11.