Куманово 2009 го победи МЗТ Скопје Уни Банка, и направи еден голем чекор во трката за опстанокот во друштвото на најдобрите. По 21 коло, „сино-белите“ имаат скор (5-16), многу подобар во однос на конкуренцијата, која освен екипата од Аеродром ја чини и екипата на ангели (двете со ефект 2-19).
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – КУМАНОВО 2009 62:70
По израмнетата прва четвртина (20:21), гостите од Куманово одиграа многу подобро во втората. Предводени од новиот двоец, Марјановиќ-Јузбашиќ се стекнаа со солидно, двоцифрено водство. До крајот рна полувремето, „сино-белите“ од Куманово поведоа со (44:33), а нивниот двоец комбинираше 26 од тие 44.поени.
На другата страна од теренот, Петровски имаше 10. реализации, а Андоноски еден поен помалку.
Рамноправно се играше по големито одмор. Ниту една од двете екипи не направи некој посериозен исчекор кон победата. Декако, тоа многу повеќе им одговараше на гостите, кои ја оддржуваа двоцифрената предност. И по три четвртини резултатот беше идентичен како оној на полувремето, гостите водеа со сигурни (59:48).
Младите кошаркари од Аеродорм за момент ја симнаа разликата на едноцифрена, по тројката на Петровски беше (53:61) по 33.минути од играта, кој се претвори во доста неефикасен. По седум минути, двете екипи постигнаа вкупно 13 поени, за слични (55:63) на нешто повеќе од три минути до крајот.
Но не најдоа конечно решение како да се вратат во натпреварот и да се понадеваат на успех. Вака останаа на тие две победи, а кумановци сега имаат три повеќе од нив во пресрет на последното коло од регуларниот дел од сезоната по кој и двете екипи продолжуваат во Плеј-аут конкуренцијата.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 21. КОЛО
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 64:81
АНГЕЛИ – КОЖУВ 72:76
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – КУМАНОВО 2009 62:70
19.00: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010
Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/gLiLrkuWX8E
19.30: РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/sj397v9qkVM
6. АПРИЛ (СРЕДА):
20.00: ТФТ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/Sgy1eVuwIag