06.04.2022

„Црно-белите“ направија (27:8) во последната четвртина, доволно за победа (86:76) и осигурување на суперлигашкото место

21. КОЛО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Одличен финиш на ТФТ, за голем пресврт и победа против Навико Академија ФМП

Со натпреварот помеѓу екипите на ТФТ и Навико Академија ФМП беше затворен 21.круг од натпреварите во Првата лига-мажи. Со голем пресврт во последната четвртина, домапната екипа стигна до битен триумф со кој „ТФТ го потврди своето место во првата „шесторка“ и  учеството во доигрувањето.

ТФТ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП          86:76

Гостите од Кисела Вода имаа далеку подобар ефект во првите 20.минути. Особено тоа се однесува за првата четвртина во која Навико Академија направи сосема солидна предност, од (27:18), која успеа да ја оддржи и во вториот период. Беше егал, заврши со идентичен број на поени, по 21, на двете страни, па на полувремето гостите ја сочуваа таа солидна разлика од (48:39).

Во голема мерка по заслуга на бековскиот тандем Стојановски-Крстајиќ, кој реализираа повеќе од половина поени за „лавовите“ – 26. од 48. Но, освен тоа, добија добра поддршка, поентерска пред се, од Ајви и Бакоч кои имаа по девет реализации во тој дел од играта.

Кај домашните, очекувано, се одвои Хортон со 11. реализации, Костоски имаше осум, а Бишоп уште седум поени.

Потполно рамноправно се играше и во третиот период, за што сведи и бројот на примени односно на постигнати поени, по 20. на двете страни.

Но се беше поинаку во последната, четвртта четвртина. Десет минути во кои ТФТ направи фантастични (18-0) во нецели седум минути, Доволни за најава на голем пресврт, на крајот и голема победа. За „црно-белите“ од Тафталиџе 13. во 21 одигран натпревар, и делба на позицијата број 4 пред последното коло од регуларниот дел, а потоа и десетте суперлигашки кола во кои ќе се тркаат за место во плеј-офот.

Пред последното коло од регуларниот дел од сезоната, кое се игра овој викенд, екипата на Навико Академија ФМП го држи третото место со ефект (14-7).