10.04.2022

Со победата над МЗТ Скопје Уни Банка (100:92) имаат дури десет победи повеќе во однос на конкурентите во Плеј-аут лигата

22. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 веќе го осигура опстанокот

Во последниот натпревар од регуларниот дел од Првата лига, се сретнаа екипите на Феникс 2010 и МЗТ Скопје Уни Банка. А новакот во друсштвото на најдобрите го оправда епитетот на фаворит, стигна до сигурна победа над конкурентот во трката за опстанокот во елитата во која ќе играат во наредните десет кола од втората фаза од шампионатот. 

ФЕНИКС 2010 – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА    100:92

Мошне ефикасно прво полувреме одиграа кошаркарите на Феникс 2010 на разделбата со возбудувањата кои со себе ги носи играње во највисокиот ранг на натпреварување – Суперлигата.

Го најавија тоа со реализација на 33. поени уште во првата четвртина (противникот имаше десет помалку), за до полувремето изградат уште повисока предност од (59:45).

Во исто темпо продолжија кошаркарите на тренерот Денис Дервишевиќ. Ја чуваа таа предност и низ текот на третиот период, по кој сеуште беа „далеку“ од притивникот, водеа со (83:70).

Но на почетокот на последниот дел од играта, МЗТ Скопје Уни Банка поништи добар дел од негативата. На средина од четвртата четвртина „гостите“ заостануваа само пет поени (86:91).

Но не успеаа младите кошаркари кои сега ги предводи тренерот Бојан Христовски и да го достигнат водството на противникот, па во Плеј-аут лигата тргнуваат со уште помали шанси и да опстанат во друштвото на најдобрите екипи.

На крајотр на регуларниот дел, Феникс 2010 има скор од 12. победи и 10. порази, или дури десет повеќе во однос на МЗТ Скопје Уни Банка но и екипата на Ангели кои имаат ефект (2-20).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 22. КОЛО

ФЕНИКС 2010 – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА    100:92

КУМАНОВО 2009 – РАБОТНИЧКИ      72:54

КОЖУВ – ГОСТИВАР         78:80

ПЕЛИСТЕР – ТФТ   110:106

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ  87:98

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – АНГЕЛИ    104:72

ТАБЕЛА: Пелистер 20-2, МЗТ Скопје Аеродром 19-3, Навико Академија ФМП 14-8, Еуро Никел 2005 14-8, Гостивар 13-9, ТФТ 13-9, Феникс 2010 12-10 , Работнички 9-13, Кожув 8-14, Куманово 2009 6-16, Ангели 2-20, МЗТ Скопје Уни Банка 2-20);