09.04.2022

Славеа минимална победа (80:78), чекаат пораз на ТФТ во Битола, за петто место на табелата пред стартот на натпреварите од Суперлигата

22. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар „преживеа“ во Гевгелија

Во драматичен натпревар исполнет со многу промени на водството, кошаркарите на Гостивар го совладаа Кожув на гостински терен во Гевгелија, Стигна до скор (13-9), со кој во моментот се на шестата позиција на табелата. И доколку утревечер нивниот конкурент, екипата на ТФТ загуби на гостувањето во Битола против Пелистер, ќе се искачат едно место погоре пред стартот на вториот дел од првенството – Суперлигата.

КОЖУВ – ГОСТИВАР         78:80

Гевгеличани одиграа многу подобро во првата четвртина. Десет минути во кои стигнаа до солидно водство од (29:22). Но Гостивар се врати во втората во која успеа да израмни, дури и да поведе, макар и со минимален резултат (44:43). А до истекот на полувремето гостите стигнаа до уште повисоки (48:43).

Уште еднаш, поентерски, во екипата на Кожув, се издвои Унрух кој реализираше 13.поени, а Колев, кој доби и голема минута од тренерот Ефтимов, уште осум.

На другата страна, иако не го почнаа натпреварот како стартери, Ворку и Силаџи искомбинираа 26.поени од крајните 48.

Сепак, на три минути пред крајот на третиот период, Кожув успеа да ја стигне негативата, и со тројката на Главчев да изедначи на (59:59). Но исто како и во втората четвртина, гостинска екипа направи убава серија од (9-2) по која уште еднаш се одвоија на солидни (68:61).

Но и таа предност не беше доволна за успех на гостиварци...

Кожув одигра најдобро кога беше најпотребно, во последната четвртина, кога гевгеличани направија серија од (17-3). И повеќе од доволно за да изградат предност од (78:71) како што беше резултатот на три минути пред крајот.

А во нив се појави новакот во редовите на Гостивар – Шејн Гетлинг!

Прво погоди две слободни фрлања, потоа и тројка. Од истата позиција, серијата на Гостивар ја продолжи Тодоровиќ, за враќање на водството (79:78).

Гетлинг потоа погоди и едно од трите слободни фрлања за (80:78), а шансата која им ја даде на гевгеличани, не ја искористи Унрух, кој не го погоди обидот вреден три поени и победа.