На разделбата со првиот дел од Првата лига, и „преселбата“ во плеј-аут натпреварите, кумановци одиграа доста добро и доволно за да стигнат до убедлив триумф против не баш мотивираниот состав на Работнички
КУМАНОВО 2009 – РАБОТНИЧКИ 72:54
За кошаркарите на Куманово 2009 овој натпревар беше далеку поважен во однос на нивниот гостин - Работнички Со оглед на тоа што се во долниот дел од табелата, и со мал број на победи, „сино-белите“ сакаа уште еден плус повеќе пред почетокот на Плеј-аут лигата, кој го дочекуваат од десеттата позиција на табелата.
И многу подобро го отворија вечерашниот дел со најтрофејната наша екипа. Во првите десет минути обезбедија солидно водство од (22:13). Во продолжението на играта, кумановци дури и го зголемија.
По 20.минути беа уште„ подалеку“ во однос на противникот кој играше без својот најдобар играч Едвин, водеа со високи (38:25).
Посебно интересно на овој натпревар беше и тоа што тренерот на Работнички, Игор Михајловски по подолго време се престави на екипата од неговиот роден град.
Но, како одминуваа минутите така растеше и предност на домашната екипа. Веќе во 27.минута, Куманово 2009 воеше и со (52:34). Резултат кој ја најави нивната шеста победа (имаат и 16. порази), со која на крајот од првата фаза од првенството имаат четири повеќе во однос на конкурентите (МЗТ Скопје Уни Банка 2-19, и Ангели со скор 2-20) за опстанок во друштвото на најдобрите.
Утре се играат и последните два натпревари од регуларниот дел од првенството. Во Битола, од 17.часот, Пелистер го пречекува ТФТ, а нешто подоцна, од 20.часот, Феникс 2010 е домаќин на екипата на МЗТ Скопје Уни Банка.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 22. КОЛО
КУМАНОВО 2009 – РАБОТНИЧКИ 72:54
КОЖУВ – ГОСТИВАР 78:80
10. АПРИЛ (НЕДЕЛА):
17.00: ПЕЛИСТЕР – ТФТ
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
https://youtu.be/I_t7wef1Zq8
20.00: ФЕНИКС 2010 – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/4UvRNigdLOU
ПОРАНО ОДИГРАНО:
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 87:98
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – АНГЕЛИ 104:72
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 19-3, Пелистер 19-2 (-1), Навико Академија ФМП 14-8, Еуро Никел 2005 14-8, Гостивар 13-9, ТФТ 13-8 (-1), Феникс 2010 11-10 (-1), Работнички 9-13, Кожув 8-14, Куманово 2009 6-16, Ангели 2-20, МЗТ Скопје Уни Банка 2-19 (-1);