04.04.2021

Гевгеличани немаа особени проблеми против последнопласираната екипа во првенството (97:73)

22. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Останува плеј-оф теоријата за Кожув

Против екипата на Црн Дрим Грин мобиле  стигнаа до планираната цел-победата, со која ги задржуваат теоретските шанси дека може да стигнат до плеј-офот.

КОЖУВ – ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ 97:73

По нецели седум минути Кожув поведе со двоцифрена предност од (21:11). Слично беше и на истекот на првата четвртина (32:23).

Иако во ослабен состав, стружани не се предадоа. Во вториот период од играта, со помош на Клуисен и Жоао-Марсело не дозволија поголема предност за Кожув. До истекот на полувремето беа на минус од 7.поени (44:51), а странскиот двоец на Црн Дрим комплетираше 24.поени (по 12).

Кај домаќините, одлични деби-минути за Чампара, кој за едно полувреме даде 15.поени, Симоновски имаше 14, а Пајиќ уште 11. поени.  

Можеби домашните кошаркари попуштија во нападот, но во продолжението од мечот беа доволно добри во одбраната. На струќини имд зволија да реализираат само 12.поени во третата четвртина. Изградија уште победлива предност (70:56). Гаранција за победа, за нив деветта во 20. одиграни натпревари во сезоната, која им ги остава теоретските шанси да дојдат до осмата позиција, последнта која води во доигруавњето.

Стружани останаа заковани на последното место, сега со ефект (1-18).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 22.КОЛО

ТФТ – Еуро Никел 2005  67:83

МЗТ Скопје Уни Банка – Гостивар      77:72

Работнички – Академија ФМП            68:66

Кожув – Црн Дрим Грин мобиле        97:73

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

Вардар – Куманово 2009

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер