10.04.2022

Лидерот на табелата налета на доста мотивираниот состав на ТФТ, но со пресврт во второто полувреме победи со (110:106)

22. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер ја одбрани позицијата број 1!

По одличното прво полувреме на гостите од Скопје, лидерот на табелата успеа да направи пресврт во последната четвртина и да стигне до победата со која ја потврди најдобрата стартна позиција во пресрет на вториот дел од сезоната - Суперлигата. 

ПЕЛИСТЕР – ТФТ   110:106

Одлично прво полувреме, особено втора четвртина одиграа гостите од Скопје. Откако во првите десет минути имаа минимална предност (25:23), кошаркарите на ТФТ одигра уште подобро во оние офанзивни сегменти. Посебно прецизен од зад линијата од 6.75 метри беше Бишоп. Американскиот шутер погоди четири тројки од пет обиди (имаше 14.реализации во тој дел од играта).

Доволно за „црно-белите“ отворат серија со која стигнаа до убедливо водство од (54:40) во 17.минута од овој последен меч од регуларниот дел во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Вопшто ТФТ шутираше со високи 60% од таа позициј за три поени, нето послаб беше процентот на Пелистер, половични 50% (5/10).  

На спротивната страна одлично парирапе Малешевиќ, по чија игра „два плус еден“ (негов 15.поен) битолчани се доближи на на едноцифрени (52:60). Но крајно ефикасното прво полувреме гостинската екипа го затвори со две слободни фрлања на Набузор и положување на Смит за високи (64:52).

Но и тоа се покажа како недоволно да се биде подобар од најдобрата екипа во регуларниот дел од сезоната. Долго време битолчани се обидуваа да ја стигнат таа висока негатива, И тоа им појде од рака во последната, решавачка четвртина. Десет минути во кои „зелено-белите“ стигнаа до посакуваниот пресврт и триумф против силно мотивираниот противник. Одиграа како што тоа од нив го посакуваше тренерот Марјан Илиевски.

И во веројатно најефикасниот натпревар во овој втор дел од првата фаза на шампионатот, стигнаа до посакуваната победа.

Поразот за ТФТ значи и губење на позицијата број 5 на која сега се кошаркарите на Гостивар. Што значи дека во првото коло од Суперлигата следува „реприза“ на овој натпревар.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 22. КОЛО

ПЕЛИСТЕР – ТФТ   110:106

20.00: ФЕНИКС 2010 – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/4UvRNigdLOU

ПОРАНО ОДИГРАНО:

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ  87:98

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – АНГЕЛИ    104:72

КУМАНОВО 2009 – РАБОТНИЧКИ      52:34

КОЖУВ – ГОСТИВАР         78:80

ТАБЕЛА: Пелистер 20-2, МЗТ Скопје Аеродром 19-3, , Навико Академија ФМП 14-8, Еуро Никел 2005 14-8, Гостивар 13-9, ТФТ 13-9, Феникс 2010 11-10 (-1), Работнички 9-13, Кожув 8-14, Куманово 2009 6-16, Ангели 2-20, МЗТ Скопје Уни Банка 2-19 (-1);