03.04.2021

„Црвено-белите“ тешко до нов триумф (68:66)

22. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Работнички ја „скрши“ Академија ФМП во последните две минути

Кошаркарите на Работнички стигнаа до уште една победа. Во забрзаниот ритам на одигрување на натпреварите, „црвено-белите“ стигнаа да му се реваншираат на составот на Академија ФМП за поразот во првиот дел од натпреварувањето во Првата лига.

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ФМП     68:66

Работнички имаше подобар почеток. Поведоа „црвено-белите“ со (14:3), но не помина многу време и Академија ФМП со своја серија (13-2), стигна до нерешен резултат (16:16). Така беше и на истекот на првата четвртина, без предност за една од екипите (18:18).

Доста изедначено се играше и во втората четвртина. Во 15.минута беше (25:25). И дури во последните две минути од првото полувреме, Работнички направи каква-таква предност. Имаше четири поени „вишок“ домашниот тим (35:31). Но Крстајиќ, интересно, со своите први поени во полувремето, се погрижи да не биде ништо преку тоа, погоди за (33:35).

Бундовиќ со 14 поени за Работнички, и Херис со еден помалку кај Академија ФМП поентерски го одбележија првиот дел од играта во СРЦ „Кале“.

Третиот период го одбележа многу подобрата игра на гостинската екипа. Академија ФМП оствари направи резултатски пресврт, и негативата од три поени на полувремето, ја претвори во позитива од четири поени (56:52).

Како најава за возбудлива последна четвртина.  

Со мини серија од (7-2) Работнички ја врати предноста на своја страна (59:58), но имаше да се игра доста, повеќе од седум минути до крајот.

А во нив, тешко се постигнуваа поени, на двете страни...

Разврската почна некаде на минута и половина до крајот, кога Ефремовски погоди тројка, за ново водство на Работнички, (66:64). По двата неуспешни обиди за три поени, а Атанасов и на  Л.Стојановски, Бундовиќ беше половичен од линијата за слободни фрлања (67:64).

Новата шанса со тројка да го однесе мечот во продолжение, не ја искористи најдобриот стрелец на Академија ФМП, Крстајиќ. Делумно казни Ефремовски, со уште еден поен за (68:64). Доволно за потврда на 8.победа во 13.одиграни мечеви на Работнички.

За Академија ФМП ова беше 21. меч во сезоната по кој се на ефект од 10. победи и 11. порази.

 ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 22.КОЛО

ТФТ – Еуро Никел 2005  67:83

МЗТ Скопје Уни Банка – Гостивар      77:72

Работнички – Академија ФМП            68:66

НЕДЕЛА:

18.00: Кожув – Црн Дрим Грин мобиле

Сала: „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/AoKYdaG_sdU

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

Вардар – Куманово 2009

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер