08.04.2022

МЗТ Скопје Аеродром слави на гостувањето во Кисела Вода против Навико Академија ФМП (98:87).

22. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Шампионот тргнува во Суперлигата од позицијата 2

Актуелниот бранител на титулата, ја оправда улогата на фаворит во дерби дуелот на 22. коло против Навико Академиа ФМП, и како второпласирана екипа вќе го дочека вториот дел од сезоната – Суперлигата.

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ  87:98

По релативно израмнетиот прв период од играта (минимално водство на Навико Академија ФМП од 27:25), гостите од Аеродром имаа многу подобар втор дел, кој го реализираа во своја корист. На своето прво гостување против екипата која ја предводеше практично „до вчера“, тренерот Александар Петровиќ знаеше како да го води својот нов тим, МЗТ Скопје Аеродром кон уште еден успех откако го презема кормилото на трофејниот клуб од Аеродром. 

„Аеродромци“ се стекнаа со сосема солидни (54:46) на полувремето.

Не застанаа тука „металците“ и во продолжението од играта. На средината на третиот дел направија уште повисоки (72:56). Но до истекот на третиот период, домаќините симнааа дел од високата негатива, намалија на (69:79). Во пoследните десет минути домашната екипа дојде и на минус од само пет поени, откако по тројката на Крстајиќ, резултатот гласеше (74:79).

Но во вистински момент погоди Робев, потоа и Николов, односно Крстевски за да ја одбранат солидната предност (85:74), Потоа, ново враќање на „лавовите“ немаше, па екипата од Аеродром го приврши мирно кон крај последниот ме; од регуларната фаза од шампионатот. 

По 22. одиграни кола во регуларниот дел од сезоната, МЗТ Скопје Аеродром влегува во Суперлигата со ефект (19-3), и второ место на првенствената табела, додека пак Навико Академија „падна“ на скор (14-8), кој веќе го има екипата на Еуро Никел 2005, а теоретски, со победа во Битола, против Пелистер (во недела навечер), може да го достигне и екипата на ТФТ, по што би се направил своевиен „триаголник“ во кој би влегле трите екипи.   

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 22. КОЛО

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ  87:98

9.АПРИЛ (САБОТА):

18.00. КОЖУВ – ГОСТИВАР

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/oJmWzn8iHzk

18.30: КУМАНОВО 2009 – РАБОТНИЧКИ

Сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/KBWmsF_Mp7Q

10. АПРИЛ (НЕДЕЛА):

17.00: ПЕЛИСТЕР – ТФТ

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/I_t7wef1Zq8

20.00: ФЕНИКС 2010 – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/4UvRNigdLOU

ПОРАНО ОДИГРАНО:

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – АНГЕЛИ    104:72