03.04.2021

Викендов, условно, ќе биде затворен регуларниот дел од сезоната, дербито во „Јане Сандански“

22. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ и Еуро Никел 2005 во битка за второто место

И последното, според календарот, коло од првата фаза во Првата лига-мажи, нема да биде во целост комплетно.

Поради обврските на екипата на Куманово 2009 во БИБЛ лигата (гостување во Израел), дуелот со екипата на Вардар ќе биде одигран во некој дополнителен термин.

Но затоа пред нас се неколку, и тоа како важни, натпревари. Особено за екипите кои имаат (по) мал број на неодиграни средби.

Саботната програма носи три меча, два од нив ќе се играат во ран термин, од 16.часот, додека третиот е три часа подоцна.

Двојна програма ќе гледаме во салата на СРЦ „Кале“.

Ќе ја отвори дуелот ТФТ – Еуро Никел 2005, во кој победникот ќе биде многу блиску до позицијата број 2. Засега ТФТ (ефект 12-4) е во доста подобра положба во однос на Еуро Никел 2005 (12-6).

Но има одиграно два натпревари повеќе во однос на денешниот противник кој во Скопје доаѓа во добра форма, и неколку успеси кои го донесоа при самиот врв на табелата.

Во исто време, но во СЦ „Јане Сандански“, младиот состав на МЗТ Скопје Уни Банка (5-13) ќе се обиде да направи уште едно изненадување во друштвото на најдобрите. Пред себе го имаат тимот на Гостивар (10-8), кој запиша неколку непланирани порази. Во минатото коло ја прекина со победата над Вардар. Но за што подобар пласман во регуларниот дел, гостиварци едноставно мора да го добијат овој натпревар.

На вториот натпревар во „Куќата на кошарката“, под „Кале“ ќе се сретнат екипите на Работнички (7-5) и Академија ФМП (10-10).

За екипата од Кисела Вода ова е второ по ред, тешко гостување, по она од пред некој ден во Аеродром, против МЗТ Скопје. Избраниците на тренерот Александар Петровиќ ќе се обидат она што го реализираа на свој терен да го повторат и вечерва на противнички паркет.

Од друга страна, Работнички, екипа која заедно со МЗТ Скопје Аеродром ќе има пеколен распоред во овој дел од шампионатот, ќе мора правилно да ги распредели силите во наредниот период со тенкиот, пред сè, домашен арсенал на играчи.

Во недела,  од 18.часот, во Гевгелија, Кожув (8-11) е во улога на домаќин на последнопалсираната екипа на Црн Дрим Грин мобиле (1-17)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 22.КОЛО

САБОТА:

16.00: ТФТ – Еуро Никел 2005

Сала: СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/RdCitvLaBkY

16.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Гостивар

Сала: СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/JW3BYw7IObg

19.00: Работнички – Академија ФМП

Сала: СРЦ „Кале“ - Скопје

https://youtu.be/s4ba-A4bRtc

НЕДЕЛА:

18.00: Кожув – Црн Дрим Грин мобиле

Сала: „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/AoKYdaG_sdU

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

Вардар – Куманово 2009

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер