07.04.2022

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со последниот на табелата, екипата на Ангели (104:72)

22. КОЛО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Еуро Никел 2005 со „стотка“ влезе во Суперлигата!

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со последниот на табелата, екипата на Ангели (104:72). Дојдоа до планираната цел откако по израмнетиот прв период, издоминираа во наредните три во мечот против последнопласираната екипа во Првата лига-мажи, Ангели

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – АНГЕЛИ      104:72

Гостите од Скопје беа рамноправен ривал само во првите десет минути од играта во салата „Јасмин“. Во првиот период Еуро Никел 2005 имаше предност од четири поени (19:15).

Но се делуваше, изгледаше сосема поинаку во вториот. Кавадарчани притиснаа во нападот делуваа многу поефикасно И до одморот се стекнаа со двоцифрено водство од (47:29).

И не се задоволија со тоа кошаркарите од Кавадарци. Напротив, во исто темпо ја одработија третата четвртина по која дилеми околу победникот дефинитивно немаше. Еуро Никел 2005 поведе и со (71:44).

Доволно за 14. победа во првиот дел од сезоната и потврда на пласманот во Суперлигата.

Од која позиција ќе стартуваат, ќе се знае по одигрување на преостанатите натпревари од 22. коло, особено оние во кои играат нивните конкуренти за што повисока позиција на табелата, ТФТ и Навико Академија ФМП.

До оваа победа ги водеа петмина играчи со двоцифрен број на поени. По 14 имаа високите играчи како Самарџиски и Томиќ. Еден помалку уфрли Караколев, а по десет поени на контото на екипата од Кавадарци стигнаа од Соколов и Ѓекиќ.

Наумоски имаше 18,  а Раме уште 15.поени во гостинската екипа која од вечерва ќе се подготвува за Плеј-аут лигата во која влегува со ефект (2-20).