07.04.2022

Познати се учесниците во Суперлигата, но последното коло од првата фаза носи важни натпревари за пласман

22. КОЛО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Почнува разврската

Но непознато е која екипа ќе заврши од 3. до 6. позиција на табелата...

Почетокот на последното коло од регуларниот дел од сезоната во Првата лига-мажи е денеска во Кавадарци. Од 16.часот, екипата на Еуро Никел 2005 го дочекува последнопласираниот тим на табелата – Ангели.

Со триумф на овој меч, кавадарчани ќе бидат многу блиску до позицијата број 4. Долку победат, а евентуално Навико Академија ФМП загуби на утрешниот дуел со МЗТ Скопје Аеродром (17.30 часот, сала „Независна Македонија“ во Скопје), избраниците на тренерот Горан Самарџиев може да влезат и во „круг“ со екипата од Кисела Вода која во овој момент има ефект (14-7) и е на третото место на табелата.

Дури и во случај на пораз, актуелниот бранител на титулата ќе ја задржи позицијата 2, додека сигурен е и лидерот, екипата на Пелистер, која својот меч од ова 22. коло ќе го одигра на 10.април (недела).

Екипата од Тафталиџе во овој момент има скор (13-8), и го дели четвртото место со кавадарчани. Евентуален пораз, а победа на Гостивар на гостувањето во Гевгелија кај Кожув (сабота, 18.часот) ќе ги стави двете екипи во ист скор. Двете би имале по 35. бода (скор 13-9), а во тој случај би одлучувале други параметри (скорот во нивните меѓусебни дуели, или евентуално вкупниот кош-количник).

Во битката за опстанок, победата над МЗТ Скопје Уни Банка на средбата закажана за 10.април (недела, од 20.часот), за кошаркарите на Феникс 2010 би означило и скоро сигурен опстанок во елитата, иако им следуваат уште десет рунди од Плеј-аут лигата.

Би имале недостижни десет победи повеќе во однос на вториот тим на клубот од Аеродром, веројатно и пред Ангели, ако загубат денеска од Еуро Ниел 2005.

Затоа и ова последно коло од првиот дел е и особено интересно.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 22. КОЛО

7.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК):

16.00: ЕУРО НИКЕЛ 2005 – АНГЕЛИ

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/Jk7vINaLYYM

8. АПРИЛ (ПЕТОК):

17.30: НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/4UvRNigdLOU

9.АПРИЛ (САБОТА):

18.00. КОЖУВ – ГОСТИВАР

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/oJmWzn8iHzk

18.30: КУМАНОВО 2009 – РАБОТНИЧКИ

Сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/KBWmsF_Mp7Q

10. АПРИЛ (НЕДЕЛА):

17.00: ПЕЛИСТЕР – ТФТ

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/I_t7wef1Zq8

20.00: ФЕНИКС 2010 – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/4UvRNigdLOU