Капитенот на нашиот национален тим одигра одличен меч прптив тимот од кнежевството. Даде 16.поени, имаше и пет скока и четири додавања во поразот (63:79)...
Гравелин Данкерк го дочека овој меч со ефект (6-15), а Монако со далеку подобри (18-3)
Војдан Стојановски ги постигна првите четири поени за Гравелин Данкерк во дуелот со Монако, екипата која ја тренира нему добро познатиот српски стручњак Саша Обрадовиќ, со кого соработуваа во неколку екипи во минатото, (како на пример во германска Алба).
Домашната екипа се стекна со солидна предност од (24:19), Стојановски продолжи во ист ритам. До полувремето во кое фаворитот сепак водеше(38:36), капитенот на нашиот национален тим постигна осум поени (3/4 за два и 2/2 за еден поен). Имаше и три скока и две успешни додавања до соиграчите за нецели 17:19 минути во игра.
Третиот дел од играта донесе и разврска, за жал негативна по Стојановски и соиграчите. Тимот од кнежевството заигра одлична одбрана, Гравелин се потешко поентираше.
Константа во играта на Гравелин беше токму Војдан. Со 16.поени беше прв стрелец во екипата која никако да се дигне од дното на француската ЛНБ лига.
Монако славеше со убедливи (79:63), што е победа број 19 за „црвено-белите“.
Освен 16.поени (1/2 за три, 5/6 за два и 3/3 за еден поен),имаше и пет скока, четири асистенции, две освоении една загубена топка за 28:27 минути поминати на теренот.
Гравелин Данкерк останува на ефект од само шест победи во 22.првенствени рунди.