07.03.2022

Лидерот останува со ореолот – непобедлив

2.КОЛО - „ОРОЛОЏО“-ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Бадел 1862 не запира, помина и низ Струга

Кошаркарките на Бадел 1862 направија уште еден чекор во одбрана на првото место и најдобрата стартна позиција пред почетокот на плеј-офот. Актуелниот лидер во Првата лига-жени, немаше никакви проблеми на гостувањето во Струга. Победија „баделки“ со повеќе од убедливи (81:53), за да го задржат епитетот на непобедливи, во пресрет на големото дерби кое следува следниот викенд, кога во Скопје гостува Баскет Кам 2011.

Важна победа на гостински терен оствари младиот состав на Крива Паланка. Во Кавадарци беа подобри од Пробаскет со (66:56), бодови со кои остануваат во трката за пласман на позицијата број 4, последната која води во доигрувањето за титулата.

Вечерва, од 20.часот, својот натпревар од ова 2. коло од „Оролоџото“ ќе го играта екипите на Баскет Кам 2011 и Вардар.

Во групата „Б“, уште еден успех за кошаркарките на Трокал кој атакуваат на местото кое догодина води во друштвото на најдобрите.

Кавадарчанки го добија дуелот против екипата на Куманово (68:22) и останаа на чекор пред новакот во ова конкуренција, екипата на Гризли која во ова коло беше слободна. Победа на гостински терен оствари и екипата на Гостивар против Ринија (81:47), додека најголемото изненадување се случи во Штип, каде Тим Арена го победи фаворитот Патриот 2016 (47:42).

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ „ОРОЛОЏО“

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Пробаскет – Крива Паланка     56:66

Струга 2009 – Бадел 1862         53:81

07.03: Баскет КАМ – Вардар

МЗТ Скопје Аеродром – слободен

ТАБЕЛА: Бадел 1862 28, Баскет Кам 2011 24 (-1), Вардар 22 (-1), Крива Паланка 20, Струга 2009 19, МЗТ Скопје Аеродром, Пробаскет 13;

ИДНО КОЛО (05.03)

МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009

Вардар – Пробаскет

Бадел 1862 – Баскет Кам 2011

Крива Паланка – слободен

 

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО

Тим Арена – Патриот 2016       47:42

Мега Баскет – Шкупи      23:116

Риниа – Гостивар  47:81

Трокал – Куманово          68:22

Гризли - слободен

ТАБЕЛА: Трокал 25, Гризли 22, Патриот 2016 21, Тим Арена 21, Шкупи 19, Гостивар 2009 18, ЖКК Куманово 2020 14, Риниа 14, Мега Баскет 12;

ИДНО КОЛО (12.03)

Гризли – Трокал

ЖКК Куманово – Риниа

Гостивар – Мега Баскет

Шкупи – Патриот 2016

Тим Арена - слободен