Кошаркарките на Бадел 1862 ја оправдаа фаворитската улога, и без некои особени напори, го добија дуелот со Крива Паланка
БАДЕЛ 1862 – КРИВА ПАЛАНКА 77:41
„Баделки“ ја имаа резултатската предност од самиот почеток на средбата. Макар што во првата четвртина имаа вишок од шест поени (16:10).
Кога заиграа малку поангажирано во одбраната, односно отворија доста контранапади и разликата нагло почна да расте. Особено во периодот од 15.до 20.минута, кога практично и го скршија отпорот на гостинките од Крива Паланка.
До крајот на полувремето, Бадел 1862 поведе и со плус од 16.поени (38:22), а репрезентативките Адамовска и Трајчевска заедно искомбинираа 22.поени, колку комплетната екипа на Крива Паланка каде погодуваа само три кошаркарки. Петревска даде 10, Марјановиќ 8, а Станковска уште 4.поени.
Слично се одвиваа работите на теренот и во второто полувреме. Во третиот период домашната екипа придодаде уште 15.поени на она и така високо водство. По три четвртини Бадел 1862 имаше скоро двојно повисоки (63:32). Но водечкиот тандем Стојановска-Трајчевска остана на теренот во текот на сите 40.минути. Завршија со 21 односно 24.поени, додека Адамовска додаде уште 10. За максимален ефект на девојките во „жолто-сина“ комбинација во шампионатот.