И екипата на Баскет КАМ го одрржа максималниот ефект по две одиграни кола во Суперлигата. Работнички парираше до средина на втората четвртина. Се друго беше на страна на екипата која важи за една од оние кои ќе се борат за трофеите.
РАБОТНИЧКИ – БАСКЕТ КАМ 57:100
Одлично парираа кошаркарките на Работнички против екипата која важеше за фаворит на овој меч. Во средината на вториот период имаа заостанување од само два поени (26:28), но што беше поважно за нив, успеаја да ја сопрат Кметовска на само два поени додека пак Митрашиновиќ имаше лоша реализација од поле (само 3/11 за два, односно за три поени).
Но кога најдобрата кошаркарка на Баскет КАМ „спои“ шест поени во серија, тоа значеше еден „убиствен период“ во кој гостиската екипа за само две минути се одвои на плус 18 (51:33).
А по уште една тројка на Митрашиновиќ, и нејзиниот 26.поен во првото полувреме, работите како да беа поставени на своето место. Екипата од Каменица имаше позитива од 21.поен, (54:33).
Без пардон продолжија гостинските кошаркарки по одморот. Во третиот период од играта, Кметовска реализираше 10, од своите 12.поени, а 12.реализации имаше и Поп-Димитровска.
Со оние 33 кои до тој момент ги „акумулираше“ Митрашиновиќ, тоа веќе беше премногу за составот на Работнички, каде делумно парираа Јаневска со 17.поени и Јазаџиевска која собра десет.
Со оваа победа, Баскет Кам остана со ореолот на непобедлив тим, и заедно со Бадел 1862 (по 14.победи) веројатно ќе одлучат кој ќе ја има првата стартна позиција пред почетокот на плеј-офот.