10.06.2023

Австријците славеа со (22:17) против нашите „баскетџии“ во премиерниот меч од квалификациите во Братислава

3Х3 - КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО КУП: Австрија со подобар финиш до победа

Машката сениорска селекција на Македонија во 3Х3 со пораз ги започна квалификациите за Евро купот кои се одржуваат во Братислава.

Во „затворен амбиент“ (спортска сала во Братислава), во првиот натпревар од групата „Б“ на овој турнир, Австрија ја совлада нашата селекција со (22:17), и направи чекор понапред кон следната елиминациска фаза.

Во доста израмнет натпревар, во кој противникот имаше постојано водство, но не поголемо од два поени, Австријците имаа подобар финиш. Стигнаа до победата благодарение на трите, по ред точни обиди вредни по два поени.

Ервин Цого постигна осум поени за нашата селекција, Ристов и Дујковиќ имаа по четири, додека Миновски уфрли еден поен на овој премиерен меч за нашата селекција на овој собир во главниот град на Словачка.

Вториот натпревар на Македонија е закажан за 13.05 часот, за противник ја имаме селекцијата на Унгарија.