11.06.2023

Во доста израмнетото четвртфинале, Чесите славеа против нашата селекција со (21:18)

3Х3 - КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО КУП: Чешка ги запре македонските „баскетџии“ на патот кон полуфиналето

Машката сениорска 3Х3 селекција на Македонија не успеа да се пласира во полуфиналето од квалификациите за Европското првенство во Братислава.

Нашата репрезентативна „четворка“ го заврши својот настап во квалификациите откако во четвртфиналната средба загуби од Чешка со резултат (18:21).

Поведовме со (4:2) во воведните минути од овој натпревар. Н противникот врати, и на средината од мечот имаше сосема солидни (11:7), некоја минута подоцна нивното водство беше уште повисоко (16:9).

Со „двојката“ на Цого, се доближивме на достижни (14:17), нашиот најдобар играч на овој натпревар погоди уште две во серија, и на 3:50 минути пред крајот, резултатот беше на само „еден посед“, (18:19).

Сепак, двојка, вредна полуфинале за Чешка, веќе во следниот нашад,  даде Свобода, и ги постави конечните (21:18).

Во овој трет, и за жал, последен меч на евро-квалификациите во главниот град на Словачка, Цого реализираше вкупно 11. поени, Дујковиќ имаше пет, а Ристов и Миновски по еден.

Инаку по одигрувањето на преостанатите четвртфинални натпревари, во машка конкуренција, пласман во полуфиналето освен Чешка, остварија и селекциите на Франција, Австрија и Полска.

Трите најдобри селекции од овој турнир обезбедуваат пласман на Европското првенство. 

3Х3 ЕВРОКВАЛИФИКАЦИИ - БРАТИСЛАВА

РЕЗУЛТАТИ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Чешка – Македонија       21:18

Франција – Словачка      22:10

Австрија – Грција  21:16

Полска – БиХ 21:17

ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Франција – Чешка

Австрија - Полска