10.06.2023

Четвртфиналниот натпревар е закажан за недела од 13.05 часот

3Х3 - КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО КУП: Ќе играме против Чешка за место во полуфиналето

Машката сениорска 3Х3 селекција на Македонија ќе игра во четвртфиналето од квалификациите за Европското првенство кои овој викенд се играат во Братислава.

Првиот дел од натпреварите, она групна фаза нашата репрезентативна четворка го заврши како второпласирана во групата „Б“. Реализираше половичен ефект, победа над Унгарија, и пораз од Австрија. А победата на Австријците против Унгарија, го постави нашиот тим на втората позиција.

Согласно со претходно утврдениот распоред на квалификацискиот турнир, противник во четвртфиналето ќе ни биде првопласираната селекција од групата „Д“ – Чешка.

Чесите имаа две победи во првиот дел од квалификациите. Беа подобри од Грција (21:12), а потоа и од селекцијата на Грузија (21:14), и го освоија првото место (Грција е втора).

Ова четвртфинале е закажано за 11. јуни (недела), со почеток од 13.05 часот.

Останатите четвртфинални двојки, во машка конкуренција, се:

12.40: Франција – Словачка

15.40: Австрија – Грција

16.05: Полска - БиХ