10.06.2023

По победата од (21:12) имаме скор (1-1) во групана „Б“, и го чекаме исходот на средбата Унгарија-Австрија

3Х3 - КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО КУП: Македонија многу подобра од Унгарија, блиску сме до четвртфиналето

3Х3 селекцијата на Македонија стигна до првата победа на кваллификациите за Европскиот куп во Братислава.

По поразот од Австрија,во првото коло, нашите најдобри „баскетџии“ брзо се „рехабилитираа“. Беа подобри оод содветната селекција на Унгарија. Победија со (21:12), во натпревар во кој Марко Дујковиќ доминираше со својата висина.. Го заврши со осум реализации, Христијан Ристов имаше шест, Ервин Цого пет, а Милорад Миновски уште два поени за нашиот 3х3 национален тим која сега ќе го чека исходот од последниот меч од групата „Б“ во кој ќе се сретнат селекциите на Австрија и на Унгарија.

Првопласираните две селекции од четирите групи обезбедуваат пласман во четвртфиналната фаза од овие европски квалификации во 3Х3.