Машката сениорска 3Х3 селекција на Македонија го заврпи својот настап во евро-квалификаациите како петтопласирана, објави ФИБА во оној дел кој е означен како „3х3“.
Нашите најдобри „баскетџии“ имаа ефект од една победа и два порази, односно процентуално гледано 33.3% на успешност, висок процент на реализирани поени, по 18.7, и вкупно 56. освоени бодови кои ја „сместуваат“ веднаш зад четирите полуфиналисти.
Впрочем, тоа е напредок од дури пет позиции за нашата баскет селекција во однос на првобитното рангирање на ФИБА.
Пред доаѓањето во главниот град на Словачка, Македонија беше поставена на десеттата позиција (зад нас беа само Грузија и Португалија), што говори дека учеството на овој собир можеме да го оцениме како успешно и позитивно.
Впрочем, Македонија загуби од репрезентацијата на Австрија, која го освои и првото место на турнирот во Братислава, и од Чешка, која на крајот е „бронзена“, со обезбедено место на Европското првенство, откако во „малото финале“ ја совлада Полска. Тоа само говори за силината на ривалите кои ги имавме на турнирот на кој бевме подобри од Унгарија, но во клупнит меч, оној за пласман во полуфиналето, загубивме од Чешка.