3х3 репрезентацијата на Македонија (мажи) денеска (17. мај, 2022 година) означи почеток на подготвителниот период во пресрет на натпреварите од квалификациите за Европскиот Куп чие седмо издание е закажано за во септември.
Четворицата баскетџии во националните бои ќе се надигруваат на 3х3 евроквалификацискиот турнир закажан за почетокот на месец јуни заедно со соодветните селекции на Романија, Полска, Унгарија, Чешка, Велика Британија, Естонија, Италија, Турција, Данска, Бугарија, Шпанија и Црна Гора. Квалификацискиот турнир ќе се одигра во Констанца, Романија на 4. и на 5. јуни.