23.05.2023

Братислава, 10-11.06

3х3 репрезентацијата ги започна подготовките за евроквалификациите

3х3 репрезентација на Македонија и официјално означи почеток на подготвителниот период во пресрет на квалификациите за Европскиот Куп кој традиционално е предвиден да се одигра во септември.

Предводникот на оваа репрезентација, селекторот Иван Ристовски, ги повика искусните баскетџии кои подготовките ќе ги обавуваат во главниот град Скопје сè до заминувањето за Словачка конкретно Братислава каде на 10 и на 11 јуни ќе се одигра евроквалификацискиот куп.

На располагање на селекторот се ставија (од лево кон десно на фотографијата) Ервин Цого, Христијан Ристов, Марко Дујковиќ, Милорад Миновски и Матеј Павловски.

На квалификацискиот турнир во Братислава, покрај нашата репрезентација ждребот посака да бидат извлечени и Грузија, Португалија, Босна и Херцеговина, Турција, Унгарија, Грција, Чешка, Полска, Австрија, Франција и домаќинот Словачка.