03.06.2022

Квалификации за Европски Куп 4-6. јуни

3х3 репрезентацијата замина за Романија

3х3 репрезентацијата на Македонија утрово замина за Романија поточно Констанца каде претстојниот викенд ќе земе учество во квалификацискиот турнир за Европскиот Куп.

Репрезентацијата, во состав: Христијан Ристов, Марко Дујковиќ, Благој Димитриев и Ервин Цого (од лево кон десно) ќе одигра два натпревари во рамки на 'pool' рундата, против Црна Гора (17:10 часот) и против Полска, два часа подоцна (19:00 часот) в сабота (4.јуни). Нокаут фазата е закажана за в недела (5. јуни).

Распоредот на натпревари и повеќе детали околу тимовите се достапни на следниот ЛИНК.
Видео пренос од натпреварите:
Ден 1, Прв дел (натпревари до пладне)
Ден 1, Втор дел (Пренос од натпреварите на македонската репрезентација)
Ден 2