15.03.2022

Потврди го своето учество!

3х3 зимска лига 2022: Вториот квалификациски турнир закажан за 20 март!

По кратката пауза во текот на зимскиот период, 3х3 карванот продолжува со акција. Вториот квалификациски турнир е веќе закажан за в недела, 20. март. На добро познатото место - СРЦ Кале, со почеток во 11:00 часот.

Екипите да го потврдат своето учество најдоцна до петок (18. март).

Првиот квалификациски турнир од второто издание на зимската 3х3 лига се одржа пред крајот на 2021 година, а признанијата заминаа на контото на Кино Влае.

* Секој квалификациски турнир ќе има награден фонд од 200 евра за првопласираната екипа односно 100 евра за второпласираната екипа.

Наградниот фонд за финалниот турнир е десеткратно поголем односно 2000 евра за шампионот, 1000 евра за второпласираната екипа како и 500 евра парична награда за третопласираната екипа.

Дополнително, шампионската екипа ќе добие и слот за учество на 3x3 Challenger турнир.