08.05.2022

Следи големото финале на зимската лига...

3х3 зимска лига: Последниот квалификациски турнир во рацете на Црно Црвено

Квалификацискиот дел од второто издание на зимската 3х3 лига финишира со одигрување на денешниот последен квалификациски турнир. Баскетџиите од екипата Црно Црвено беа триумфални на овој турнир, кој денеска се одржа во СРЦ Кале. Во финалето, искусните Владимир Мариќ, Блажо Митков и Лука Влаховиќ (од лево кон десно на првата фотографија) славеа над екипата на Solution_x3 во состав Виктор Петров, Стефан Трајковски, Огнен Ивановски и Чедо Чангов, во отсустцо на капитенот Бојан Борисовски. На претходните три квалификациски турнири од ова издание на зимската лига славеа момците на Кино Влае.

Следи куса пауза по која ќе се одржи големото финале каде најдобрите осум екипи од квалификациските турнири ќе си ги одмерат силите за шампионскиот трофеј.

 

 

Повеќе фотографии од денешниот последен квалификациски турнир ќе бидат објавени на Facebook страницата на 3x3 Macedonia.