14.03.2022

Баскет Кам 2011 му го нанесе првиот пораз во сезоната на Бадел 1862 со пресврт до минимални (72:70)

3.КОЛО -„ОРОЛОЏО“ - ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Големото дерби за шампионот

Нема веќе непоразени екипи во Првата лига-жени. До ова, трето коло од „Оролоџото“ таков епитет имаше екипата на Бадел 1862.

Но лидерската екипа во шампионатот застана во дерби дуелот против својот најголем конкурент, екипата на Баскет Кам 2011.

Актуелниот шампион и освојувач на Купот, направи огромен пресврт во второто полувреме од средбата во „Независна Македонија“. И во неизвесен финиш стигна до првиот триумф во домашното првенство, а вториот во сезоната, по оној во финалето од националниот Куп.

Победата на екипата од Македонска Каменица не донесе промена на табелата, но извесно донесе уште поголема самодоверба за бранителот на шампионскиот пехар.

Во останатите натпревари, МЗТ Скопје Аеродром стигна до изненадувачка победа против Струга 2009 (69:58), додека пак кошаркарките на Варар стигнаа до планираните бодови во натпреварот со екипата на Пробаскет (78:64).

Дерби-дуел се играше и во групата „Б“, во Скопје, новакот во оваа конкуренција, екипата на Гризли, славеше сигурна победа против лидерот на табелата, кавадаречки Трокал (61:44), па сега двете екипи се израмнети според бројот на порази (по два), и со подеднакви шанси за пласман во елитната група.

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО - ОРОЛОЏО

МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009            69:58

Вардар – Пробаскет        78:64

Бадел 1862 – Баскет Кам 2011 70:72

Крива Паланка – слободен

ТАБЕЛА: Бадел 1862 29, Баскет Кам 2011 28, Вардар 25, Струга 2009 20, Крива Паланка 20, МЗТ Скопје Аеродром 17, Пробаскет 14;

ИДНО КОЛО (19.03)

Крива Паланка – Вардар

Баскет Кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром

Пробаскет – Бадел 1862

Струга 2009 - слободен

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 15.КОЛО

Гризли – Трокал    61:44

ЖКК Куманово – Риниа  67:48

Гостивар – Мега Баскет  65:7

Шкупи – Патриот 2016   54:67

Тим Арена - слободен

ТАБЕЛА: Трокал 26, Гризли 24, Патриот 2016 23, Тим Арена 21, Гостивар 2009 20, Шкупи 20, ЖКК Куманово 2020 16, Риниа 15, Мега Баскет 13;

ИДНО КОЛО (19.03)

Тим Арена – Шкупи

Патриот 216 – Гостивар

Мега Баскет – Куманово

Риниа – Гризли

Трокал - слободен