18.04.2021

„Баделки“ го добија дербито, славеа на гостувањето во Каменица (78:68)

3.КОЛО ОД СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ: Бадел 1862 е најдобрата екипа во овој момент во македонската женска кошарка!

Кошаркарките на Бадел 1862 славеа голема победа во супер дербито на 3.коло од Суперлигата.

Во дурлот на досега двете екипи со максимален ефект во Суперлигата и првиот дел од првенството, славеа уште поголем триумф над Баскет КАМ

БАСКЕТ КАМ – БАДЕЛ 1862      68:78

Дербито на сезоната во женската Прва лига, односно Суперлига, во целост ги оправда очелувања.

Двете рамноправни екипи (екипата од Каменица сеуште не ги користи услугите на српскиот двоец, Гобељиќ-Брајковиќ), во првото полувреме беа во танките на тоја епитет – непобедливи.

Блескави 20.минути имаше Анџелика Митрашиновиќ, која испорача 26. од вкупно 40.поени на домашната екипа (9/17 во шутот од поле), додека на другата страна, Трајчевска реализираше 14, а Стојановска уште 12.поени за Бадел 1862.

Одлична последна четвртина имаа гостинките од Скопје. Им олесна , и тоа многу, откако Митрашиновиќ ја доби петтата лична грешка, па до крајот на тој период имаа и убедливи (26-9) во тие десет минути од дерби-дуелот во Каменица, со кои стигнаа до големиот триумф.

На крајот од дербито, Трајчевска дојде до фантастичен ефект од 31.поени и 15.скока, Стојановска имаше 25.поени, плус и шест скока и исто толку освоени топки за сите 40.минути.

Кај домашниот тим потфрли Кметовска, која остана на бројката од пет поени и 12.скока, за повеќе од 34.минути во играта.

Па на половина од Суперлигата, Бадел 1862 година сега има победа повеќе во однос на најголемиот конкурент за титулата.

 ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 91:49

„Вардарки“ ја завршија работата во дуелот со својот локален ривал, уште во првото полувреме во кое оставрија повеќе од убедлива разлика, (51:19).

Одлишно делуваше двоецот Подунавац-Деловска кој искомбинира 28.поени за Вардар, со поддршка од Наков и Петрушевска кои дополнија со уште 14, односно 12.поени.

Ништо не се прпмени и во второто полувреме во кое домашната екипа, многу брзо, во третата четвртина оствари уште поголема предност. На истекот на третата четвртина , „вардарки“ беа во позитива од соор педесет поени (70:29). Па последните десет минути се претворија во една обична формалност.

Вардар стигна до втор суперлигашки триумф, кој е скоро и гаранција за место во првата „четворка“ која извесно, ќе игра за шампионскиот трофеј.

*Претходно, кошаркарките на Струга 2009 стигаа до првата победа во Суперлигата. Славеа стружанки на гостувањето во Крива Паланка, и тоа убедливо, со резултат (92:55).

КРИВА ПАЛАНКА - СТРУГА 2009          55:92

До првиот триумф во вториот дел, стружанки ги предводеше двоецот Спајиќ-Лаковиќ, кој реализираше 24, односно 21.поен. Но имаа добра соработка со Зендели (12.поени), Стојановска (11), и Модева, која реализира 10.поени.

Кај Крива Паланка, Марјановиќ дојде до уште еден висок двоен ефект од 25.поени и 16.скока, а Ѓорѓиевска даде 10.поени и имаше уште 6.скока.

СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Крива Паланка – Струга 2009  55:92

Вардар – Работнички      91:49

Баскет КАМ – Бадел 1862         68:78