18.04.2021

Дуелот на двете непоразени екипи ќе се игра денеска од 16.часот

3.КОЛО ОД СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ: Супер дерби во Каменица, доаѓа Бадел 1862

Третото коло од Суперлигата ќе треба да даде одговор на едно прашање, која екипа во овој момент е најдобрата во оваа конкуренција.

Дали е тоа екипата на Баскет КАМ која од 16.часот ќе му биде домаќин на Бадел 1862, втората екипа која има најдобар скор во лигата.

Двете заедно во големото дерби влегуваат со максимален ефект, 14.победи во исто толку натпревари, па извесно е дека по овој меч само една од нив ќе може да се пофали дека е непобедена.

Дуелот во Каменица ќе боде и ревија на неколку наши репрезентатвни имиња во женската кошарката. Очекуваме индивидуали пресметки во кои на една страна се Анџелика Митрашиновиќ и Ивана Кметовска, а во улога на асистенти играчи како Поп-Димитровска, Шеќероска, Зафировска.

На другата пак Нена Трајчевска, Александра Стојановска, Адамовска, Лазареска, Димова...

Другите два натпревари се некако во сенка на дербито на непобедените.

Во истиот термин, од 16. часот, во малата сана на СРЦ „Кале“, е и скопската пресметка, дуелот помеѓу екипите на Вардар и на Работнички, додека два часа порано, во Крива Паланка гостува екипата на Струга 2009.

СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 3. КОЛО

НЕДЕЛА:

14.00: Крива Паланка – Струга 2009

Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка

16.00: Вардар – Работнички

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

16.00: Баскет КАМ – Бадел 1862

Сала „Кирил и Методиј“ – Каменица

ПЛЕЈ-АУТ - ЖЕНИ

ДВОЈКИ 3. КОЛО

НЕДЕЛА:

13.00: Шкупи – Про Баскет

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

14.30: Пантери – Куманово

Сала „Перо Наков“ - Куманово 

Трокал – МЗТ Скопје Аерордом         49:71