28.03.2021

Следи пауза, па големото финале!

3x3 Битола - победник на последниот квалификациски турнир од зимската 3х3 лига

Со реализиран шут зад линијата за два поени, баскетџиите од 3х3 Битола победија против Проект 3х3 со 19-21 во рамки на финалето од четвртиот и последен квалификациски турнир од премиерната зимска 3х3 лига на КФСМ и 3x3 Macedonia.

Момците од Битола ги ’решија’ BadBoys во полуфиналето (18-16) односно Geez во четвртфиналето (16-13(, а во групната фаза славеа против Brotherhood Alpha, 3x3 Молика и Razorbacks3x3. 

Следи кратка пауза од баскет-акцијата, а потоа најдобрите дванаесет екипи од четирите квалификациски турнири ќе си ги одмерат силите на финалниот турнир, предвиден да се одигра кон крајот на месец април во Скопје.

Снимка од денешните натпревари може да се погледне на следниот ЛИНК додека резултатите од денешниот квалификациски турнир се достапни на следниот ЛИНК.

Повеќе фотографии од денешниот турнир, како и од претходните турнири се достапни на Facebook страницата на на КФСМ.