По Сутјеска и Широки, за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојде дуелот со екипата на Борац од Бања Лука. Дуел во кој екипата од Аеродром го имаше и најдобрите 20.минути за време на престојот на Златибор.
Она првото, во кое не само што реализираа 57.поени, туку примија дури 20.помалку.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – БОРАЦ БАЊА ЛУКА 99:75
По израмнетиот почеток и водството кое го имаа на истекот на прбата четвртина (27:21), на половина од вториот период, МЗТ Скопје Аеродром стигна до највисокото водство во тој дел од играта. Имаше плус од 17.поени (43:26).
Одличната офанзивна игра, интересно, ја предводеа највисоките играчи во „сино-бела“ комбинација, Бојиќ (12.поени) и Карачиќ, кој погоди три тројки од четири обиди во тие 15.минути од играта, и незаобиколниот Олуџоби со осум реализации.
Воопшто во тој дел, нашиот тим имаше висока реализација во шутот за три поени, од скоро 55%. И што е особено важно, само две загубени топки.
И тоа како „видливо“ на резултатот. По тајм аутот на тренерот Ѓорѓи Кочов, „аеродромци“ имаа вишок и од 19.поени (49:30), потоа и од точно 20 (52:32), за првото полувреме да го завршат со индентични (57:37).
Најслаб сегмент, а имаше таков во овие 20.минути од играта, кај МЗТ Скопје Аеродром беа слободните фрлања. Ги реализираа со само 40% на успешност (4/10). Но тоа беше надоместено со одлични 15. последни додавања.
Во второто, „металците“, би се рекло, продолжија да играат „доволно“, за да ги одржуваат тие плус 20 на своето поентерско конто, и да победат.
И како што рече нивниот тренер, полека но сигурно да заличуваат на тим кој е кадарен да биде на највисоките позиции во АБА 2 лигата, оние кои водат во елитата на Јадранот.
По завршувањето на овој прв турнир, МЗТ Скопје има ефект од три победи и еден пораз. Вториот наш претставник, екипата на Работнички пак е на половичен скор, две победи и два порази.