Женската сениорска репрезентаци на на Македонија со пораз го заврши учеството во вториот дел од квалификациите за Евробаскетот 2021 година.
На вториот ден од турнирот во Рига, по голема борба, во текот на сите 40.минути, нашите девојки се поразени од силната селекција на Германија.
Го добивме првото полувреме со (34:31), но немавме сили да ја одбраниме таа предност во продолжението.
МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА 59:74
По седум и пол минути од играта бевме во заостанување од четири поени (13:17) откако Митрашиновиќ погоди за три поени, и го запиша својот десетти поен во четвртината. И ја продолжи нашата серија од седум дадени поени.
Нашата добра игра и го натера селекторот на Германија да побара минута одмор, која не промени ништо. Резултатот остана непроменет и во тие 90.секунди од првиот период.
Фантастичната игра на нашиот капитен продолжи и во втората четвртина. По нејзината четвртта тројка, Македонија имаше нерешен резултат, (21:21), а по поентирањето на Бонер, и поведовме против фаворитот (23:21) по 14.минути од почетокот на натпреварот.
Во наредните две, моравме да играме без Бонер, која доби силен удар во пределот на градите. Но Трајчевска и Митрашиновиќ го чуваа „минималецот“ (28:27). По краток одмор на клупата, Бонер сепак се врати на теренот. Во вистинско време, да „врзе“ пет поени, и ни донесе најголемо водство (33:29).
Така беше и по истекот последната минута од првото полувреме.
Митрашиновиќ и Бонер искомбинираа 29 од тие 33.поени, што со тројката на Трајчевска и еден поен од Кметовска, но и навистина огромното залагање во одбраната на комплетната петорка, ни го донесе тоа водство.
Тешко го стекнавме, а многу лесно го загубивме. Германките имаа силовит старт во третата четвртина. Брзо направија серија од (9-1) и го вратија водството на својата страна (38:34).
Освен скокачката доминација (имаа двојно поголем број на скокови), се разигра Хебекер, која погоди дури шест тројки од седум обиди, доволно за фаворитот се одвои на (48:40), како што беше на семафорот по нецели 28.минути од играта.
Но како што кажа Бонер и пред мечот, Македонија нема намера да се предаде. Со нејзина, и помош на Митрашиновиќ во нападот, останавме во игра. На истекот на третата четвртина Германија водеше, но со достижни (50:47).
Во оној решавачкиот, Германките имаа висока реализација во шутот за три поени. Со таква помош и изградија предност од девет поени (63:54) во средината на последниот дел од играта. Пред Трајчевска да го реализира својот 11.поен и да биде третиот наш играч со двоен број на поени.
По 30.поен на феноменалната Анџелика Митрашиновиќ, останавме блиску до противникот (59:65), со кои се влезе во последните три минути од мечот.
Но сили, енергија за комплетно “враќање“ во оваа натпреварувачка петорка која ја има на располагање селекторот Владимир Ѓоровиќ во овој момент – немаше.
Ќе биде уште подобро во февруари, на следниот турнир каде нè чекаат уште два натпревари, против селекциите на Летонија и на Хрватска.
Тоа нашите кошаркарки го покажаа во Рига!