23.10.2021

ТФТ беше сигурен против МЗТ Скопје Уни Банка (91:85), Гостивар го доби дербито со екипата од „Градски парк“ (91:65)

4. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар најде решение за Работнички, ТФТ е новиот лидер!

Екипата на ТФТ е новиот лидер во Првата лига. „Црно=белите“, очекувано, но потешко од предвидувањата, го добија мечот со вториот тим на МЗТ Скопје, и го искористија моментот на слабост, односно пораз на Работнички на гостувањето во Гостивар.

Со максимални четири победи ќе „преноќат“ на првата позиција, најмалку до утре вечер, кога екипата на Пелистер го игра својот натпревар против гевгелиски Кожув.

ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА            91:85

ТФТ отвори со (13:6) во првите пет минути од дуелот во „Кале“. Но гостите брзо се консолидираа, се вратија со мини-серија од (13-7), за минимална негатива од (19:20), како што беше по осум минути игра.

Не се задоволија со тоа, па младите „металци“ дури и го преземаа водството (25:23) во последната минута од четвртина која сепак заврши со егал резултат (25:25) како што и беше играта во првите 10.минути.

Оние вторите, во целост им припаднаа на момците во „црно-бела“ комбинација. ТФТ заигра во свој стил, пред се ефикасно, посебно во втората „половина“ од втората четвртина.

Од плус 4 (38:34), до крајот на првото полувреме направија парцијални (16-5) за убедливи (54:39). Костоски и Сапунџиев имаа по десет поени, плејмејкерот и шест додавања до соиграчите, додека пак Рансом и Петровски искомбинираа 20.поени за екипата-гостин.

Каде застана во првото, домашната екипа продолжи по одморот. Го притиснаа противникот во одбраната, направија нова серија, сега од (15-6) со која се одалечија на недостижни (69:45).

Но до крајот требаше да се доиграат цели 13.минути, а младите кошаркари на МЗТ Скопје Уни Банка, не „кренаа раце“, напротив...

На две и пол минути пред крајот, дојдоа до минус од само пет поени (76:81). Хортон и Маслинко ги искористија наредните два напади, и го вратија својот тим на сигурна разлика (85:78). Но и тука не беше крајот, гоститр одговорија со пет поени, преку Митевски и Блажевски. Па последните 40.секунди беа и најдраматичните на мечот во „Кале“. Ги реши лидерскиот тандем на ТФТ, Хортон-Маслинко, со две последувателни атракции.

ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ        91:65

Одличен старт имаа кошаркарите на Гостивар. Во рок од нецели четири минути направија двоцифрени (16-2). Серија во која повеќе од половина од поените беа на расположениот Ворку.

Но на крајот на првата и почетокот на втората четвртина, Работнички намали на достижни (22:28). Но Ефремовски и Тодоровиќ го одбија тој напад со пет поени, за враќање на двоцифрената разлика (33:22). А со новите пет поени, дело на Силаџи, гостиварци повторно се одвоија на убедливи (42:28). Увод во серијата која ги донесе и на уште поубедливи (49:30).

„Трилингот“ Ворку-Тодоровиќ-Ефремовски креираше 36, од тие 49 поени на Гостивар. Мацура даде десет, а Лусиер еден помалку за тимот од „Градски парк“ во првите 20.минути.

Во продолжението, без сериозни „резултатски аномалии“. Гостите се обидуваа да симнат дел од високата негатива. Но никако не успеваа во тоа, иако меѓу „двоцифрените“ го добија и Данаиловски.

Ворку дотуркаа до 20.поени, а добра поддршка гостиварци добија и од резервистот Лефкоски (седум поени во тој дел од играта).

За сигурно водство по три четвртини (69:54). Во онаа последната паднаа сите дилеми, Гостивар го достигна ефектот на Работнички. И двете екипи се на скор од три победи и еден пораз.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО

ФЕНИКС 2010 – АНГЕЛИ 83:80

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КУМАНОВО 2009         86:71

ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ        91:65

ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА            91:85

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ 2005  во тек (48:30)

НЕДЕЛА:

18.30: ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/4CQ5cr3BJN