23.10.2021

Ангели имаше „добиен меч“ но така не мислеа кошаркарите на Феникс 2010, славеа во дополнителните пет минути (83:80)

4. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Митревски и Кларк им ја „украдоа“ победата на Ангели

Ланските второлигашки,а сега членови на прволигашката дивизија, одиграа крајно израмнет и неизвесен натпревар, практично од првата до последната минута, иако во поголем дел, Ангели беше екипата која имаше водство, но ниту во еден наврат двоцифрено.

На крајот, по 40.минути, се радуваа домаќините. И тоа по дополнителни пет минути...

ФЕНИКС 2010 – АНГЕЛИ 83:80

Нерешено беше до 13.минута од дуелот во „Јане Сандански“, когаа на семафорот стоеше идентичен резултат (26:26). Во наредните две, гостите направија серија од (6-0) со која стигнаа до највисоката предност на натпревар (32:26).

Но Феникс 2010 најде начин да се доближи, но и да го промени водството, А поените на Стојановски на истекот на првото полувреме донесоа минимално водство за домашната екипа (36:35), каде Митревски и А.Хот имаа по девет реализации.

На другата страна, одлично издание на уште двајца млади играчи, Атанасов и Деолски кои реализираа по 11.поени.

Слично беше и во третиот период. Уште еднаш, Ангели се вратија во водство од пет поени (45:40) во средината на четвртината имаа уште повисоки (50:43).

А поентерски доста „сиромашната“ четвртина, ја добија гостите од Кисела Вода, водеа со (55:51).

Ја одржуваа таа предност и во текот на последниот дел на играта. Макар што некаде на средината, Феникс 2010 односно се приближи на минус од два поени (60:62). Но тројката, на, во второто пооувреме, расположениот Васар, го сопре тој нов налет на домашната екипа за солидни (67:60). На две и пол минути пред крајот беше „само“ (66:67) за Ангели.

Васар погоди уште еднаш за три поени, за наизглед недостижни (71:65) на 1.16 минути до крајот. Но двете тројки, прво на Митревски, а потоа и на Кларк, на две секунди пред последниот звук на сирената, донесоа нов егал (74:74) и продолжение од пет минути.

Токму младиот репрезентативец, Андреј Митревски, беше херојот на Феникс 2010. На секунда пред крајот, погоди уште една тројка, за свој 23.поен, но што е поважно, втора победа за Феникс 2010 во четири кола од Првата лига.