Саботната програма од 4. коло ја затворија екипите на Навико Академија ФМП и Еуро Никел 2005. А тимот од Кисела Вода ја потврди победта аод претходното коло со убедлив триумф над еден од фаворитите за висок пласман во нашата елитна лига.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ 2005 80:65
Неверојатно добра четвртина имаше домашната екипа. Против актуелниот вицешампион поведе со (25:8), на истекот на првиот период имаше потполно неочекувани, но повеќе од заслужени (27:12).
Дури седум кошаркари во составот на Александар Петровиќ, успеаја да се запишат во листата на стрелците за така краток временски период.
Новите пет поени, ги донесоа кошаркарите на Навико Академија ФМП до плус 20 (32:12). А таков беше резултатот и на полувремето. Домашниот состав водеше со (48:30).
Но, сосема поинаку беше по паузата од 15.минути. Кавадарчани почнаа да личат на себе, на екипа која важи за една до најдобрите во нашиот елитен ранг на натпреварување. Во 26.минута се спуштија на едноцифрена негатива (48:57). Не и нешто преку тоа, затоа што по поените на Стојановски, тимот од Кисела Вода имаше комотни (63:49) по три одиграни четвртини.
Уште еднаш Ивеј покажа дека ќе биде засилување за Навико Академија ФМП. Дека ќе превземе дел од поените на Крстајиќ, а дека може да се очекува уште повеќе од Лука Стојановски во предната линија.
Последниот период беше налик на првиот за Еуро Никел 2005. Имаа само четири поени за седум минути. Далеку од нивните очекувања, како што е и ефектот во уводот во новата сезона (1-3).
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО
ФЕНИКС 2010 – АНГЕЛИ 83:80
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КУМАНОВО 2009 86:71
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 91:65
ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 91:85
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ 2005 80:65
НЕДЕЛА:
18.30: ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
https://youtu.be/4CQ5cr3BJN