Четврттото коло од Првата лига-жени, донесе и четири натпревари од планираните шест.
Поради неповолната здравствена ситуација одложени беа натпреварите Работнички-Шкупи и Бадел 1862-Гостивар во групата Запад.
Во таа конкуренција се одигра мечот Трокал-Струга 2009 во кој убедлива победа однесоа стружанки (68:44), за кои ова беше и првиот официјален натпревар во новата првенствена сезона.
„Полна пгрограма“ на Истокот, каде доминантна игра покажа екипата на Вардар. Без особени проблеми девојките во „црвено-црна“ комбинација дојдоа до планираните бодови на гостувањето во Крива Паланка, (110:64).
Прва победа како прволигашка екипа оствари екипата на МЗТ Скопје која во Аеродром го порази Куманово (67:33).
Доста убедлив триумф запишаа и кошаркарките на КАМ Баскет против Пробаскет (91:46), втор за тимот од Македонска Каменица од почетокот на новата сезона.
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
ЗАПАД
Трокал – Струга 2009 44:68
Бадел 1862 – Гостивар одложено
Работнички – Шкупи – одложено
ТАБЕЛА: Бадел 1862 4 (-1), Трокал 4, Шкупи 3 (-1), Струга 2 (-2), Пантери 1 (-2), Работнички 1 (-2), Гостивар 0
ИДНО 5. КОЛО (12.12)
Гостивар – Трокал
Струга 2009 – Работнички
Пантери – Бадел 1862
Шкупи - слободен
ИСТОК
Крива Паланка – Вардар 68:110
МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 67:33
Баскет КАМ – Пробаскет 91:46
ТАБЕЛА: Вардар 6, Баскет КАМ 4 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 4, Крива Паланка 3 (-1), Пробаскет 3 (-1), ЖКК Куманово ,
ИДНО 5. КОЛО (12.12)
Вардар – Баскет КАМ
Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром
Крива Паланка – слободен
ЖКК Куманово - слободен